Во салата на театарот во Битола концерт одржа “Славјанка“ – руско културно – уметничко друштво, а како и на сите настапи насекаде низ светот, така и во Битола, членките на друштвото жени од различна возраст, од средношколки, студентки до пензионерки, со својата публика ја споделува љубовта кон музиката, зошто како рекоа песната ги зближува луѓето, а музиката им припаѓа на сите.

Уметничкиот раководител Оља Деспотовиќ, која доаѓа од својот роден град Краснодар, од непрегледните пространства на сродната на нас Русија, ја разнесе убавината на рускиот мелос низ нашата преубава Македонија и да ги разлеа прекрасните зборовите на руската песна кои како да лебдат над нас приближувајќи не кон нивната култура, традиција и народ преку “Славјанка“ кои повеќе од 17 години се афирмирани на македонската музичка сцена и со своите бројни целовечерни настапи, учество на фестивали, културно—метнички настани и прослави, телевизиски и радио емисији ја приближува убавината и топлината на руската песна кон македонскиот народ.

Во Битола тие се претставија со концерт составен од два дела, руски народни и популарни песни и македонски народни песни.

Во првиот дел ги изведоа песните: Летите голуби, Москва, звонят колокола, Эхо любви, Очи черные, В лунном сияньи, Ах судьба, Не для тебя, Желаю, Военное попури, а во вториот дел ги испеаа песните: Шар голубой, Море сокол пие, Сплет на македонски народни песни, Македонско девойче, Брала мома капини, Подмосковные вечера, Уральская рябинушка и Казачок.

Инаку “Славјанка“ е формирана во 2000 година, а израсна од желбата да се негува славјанската фолклорна песна. На почетокот составена повеќе од Русинки и Украинки, денес во неа членуваат повеќе Македонски, а бројката на оние кои биле нејзини членови во овие години е околу 60 лица. Во моментот „Славјанка“ брои 18 пејачки, со тенденција групата да го проширува својот состав. Вкупниот репертоар на песните изнесува повеќе од 50 песни од богатата ризница на славјанските народи.

-Песната е како птица која прелетува граници, се вгнездува во срцата на луѓето, станува дел од нивните животи и го разубавува секојдневието,велат тие, а бројните меѓународните награди, признанија, плакети,пофалници и други награди од учеството на национални и меѓународни фестивали со горделивост ги чуваат членовите на Руско КУД “Славјанка“.

Концерт на руското-културно друштво “Славјанка“ со изведба на руски и македонски песни (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“





