Press "Enter" to skip to content

Танцовиот клуб “Степ Ап“ го одржа роденденскиот-годишен концерт на (фотогалерија)

Во салата на Народниот театар во Битола се одржа традиционалниот годишен концерт на танцовиот спортски клуб “Степ Ап“ на кој настапија сите членови, а публиката која ја наполни салата ги наградуваше по секој настап.

На сцената со свои танци се претставија сите категории танци и направија презентација на латиноамериканските, стандардните и модерните спортски танци.

Ова беше и роденденски концерт на Танцовиот спортски клуб “Степ Ап“ од Битола, кој прослави 4 години од формирањето.

За време на концертот беа претставени голем број од наградите кои членовите на “Степ Ап“, бидејќи имаат освоено многу, не кажаа за сите, а рекоа дека ќе им треба многу време тоа да го направат.

Членовите на клубот од сите возрасти им се заблагодарија на Управата и тренерите за се она што ги научија и што им помогнаа да стигнат до првите места насекаде каде настапуваат, а им се извинија и за детските глупости кои ги направиле и со тоа ги изнервирале нив.

На концертот имаше и специјален гостин, нивната членка Мартина, која за нив и за публиката имаше своја точка.
Танцовиот клуб “Степ Ап“ го покани сите кои сакаат да ги изучуваат латиноамериканските, стандардните и модерните спортски танци дека нивните врати се отворени за сите нив.

Годишниот концерт беше во рамките на “Бит Фест 2018“.
[ngg_images source=”galleries” container_ids=”154″ display_type=”photocrati-nextgen_basic_thumbnails” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_width=”240″ thumbnail_height=”160″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”20″ number_of_columns=”0″ ajax_pagination=”0″ show_all_in_lightbox=”0″ use_imagebrowser_effect=”0″ show_slideshow_link=”1″ slideshow_link_text=”[Show slideshow]” order_by=”imagedate” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]

More from КултураMore posts in Култура »