Press "Enter" to skip to content

Играоците на КУД “Илинден“ денес отпатуваа на светски фолклорен фестивал во Германија

Главниот фолклорен амсамбл на најстарото културно уметничко друштво од Битола, “Илинден“ денес отпатува за Германија на интернационален фолклорен фестивал кој ќе започне на 6, јули, а ќе се одржи во градот Битбург.

Уметничкиот директор на КУД “Илинден“, Александар Стефановски, пред денешното патување ни рече:

-Главниот фолклорен ансамбл на КУД „Илинден“ на кој ќе му се приклучат и неколку играорци од вториот ансамбл од 6. до 9. јули ќе учествува на еден од најголемите фолклорни фестивали во Европа што се одржува во германскиот град Битбург. Фестивалот во Битбург годинава се одржува по 54-ти пат и е дел од мрежата на светската организација ЦИОФФ, а ќе настапат фолклорни групи и ансамбли од Аргентина, Португалија, Шпанија, Франција, Холандија, Шведска, Велика Британија, Полска, Словачка, Романија, Словенија и од Грузија.

-Не фестивалот во Германија ќе има фолклорни ансамбли од цел свет, а настапите ќе бидат поделени по географски региониие, а ние ќе бидеме претставници на Источна Европа. Нашите 33 членови кои патуваат за Германија ќе се престават со фолклорен спле,т кој секако, ќе го привлече вниманието на организаторите и публиката. По настапите во Германија, на враќање за Македонија ќе настапиме и во Хрватска, во градот Сплит, каде ќе учествуваме на “Сплитски дани“, што е летен фестивал на градот Сплит и трае подолг период, додава Стефановски.

За оваа турнеја, а посебно за Германија, КУД “Илинден“ носи и посебен промотивен материјал.

-Наша поранешна играорка се потруди и ни направи специјални колачиња, со кои ќе ја збогатиме промоцијата во Германија, а тоа се колачињата на “Слатко колаче Сандра“, а преку нив ќе ја претставиме традиција на КУД Илинден која започнува во 1955 година, вели Стефановски.

Инаку, ова е втора турнеја на КУД “Илинден“ оваа година, а членовите на детскиот ансамбл учествуваа на детскиот фолклорен фестивал во Бурса, Турција.

More from КултураMore posts in Култура »