Press "Enter" to skip to content

Музичко-уметнички и литературен перформанс “Ако одам во Битола“ (фото)

Во кафулето “Радост“ се одржа се одржа музичко уметнички и литературен перформанс, насловен „Ако одам во Битола“.

На настанот, активно учество зедоа писатели, книжевни критичари, новинари и уметници кои пред присутните презентираа интересни содржини поврзани со нивното поле на делување.

На сите кои учествуваа во перформансот фондацијата “Такец“ им додели дипломи за посебен придонес за Битола, а дипломи и скомни подароци добија писатели, млади алтернативни актери, спортски работници, политичари…

Перформансот беше убави прилика да се слушнат песни кои ги прочитаа авторите, убави песни, мотивациски говори, а се беше заокружено со убаво дружење.

Гуро Илиќ, Виолета Сековска, Лорета Крстевска-Павловска, Гордана Такец… се само дел од имињата кои синоќа добија дипломи и беа дел од перформансот.

More from КултураMore posts in Култура »