“3Д Кино“ Битола со два феноменални филмски наслови оваа седмица кои ќе го привлечат вниманието на филмската публика од Битола.
Едниот филм е со познатите холивудски актери Џулија Робертс и Џорџ Клуни.
Вториот филм е наш, македонски филм, со исклучителните актери Верица Недевска, Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитриевиќ, Валентин Костадиновски и Давид Јанакиев во режија на Кристијан Ристески.
Двата се филмови кои не се пропуштаат, октомври е роденденски месец на Центар за култура и 3Д кино Битола, па овој месец ќе биде ставен акцент на филмските премиери, порачуваат од “3Д Кино“ Битола.






