Во “Магазата“ синоќа започна фестивалот со единствено име “Хармониките“ кој се одржува два вечери, на кој традиционално настапуваат најдобрите хармоникаши од Македонија, како и гости од Австралија, а фестивалот е во организација на “Непокор“ и продукцијата “Савевски“.

На првата фестивалска вечер настапи Сашко Велков заедно со неговиот син Давид Велков, а нивна придружба беа професор Кирил Стојчевски, Тони Цветановски и Зоран Ристевски.

-Прва фестивалска вечер на дводневниот фестивал “Хармониките“ помина во пријатна и спектакуларна вечер со совршените македонски виртуозни хармоникаши. Публиката која ја исполни “Магазата“ уживаше во одличните изведни на виртуозот на хармоника, маестро Сашко Велков, кој настапи заедно со неговиот син Давид. Како и секоја година така и оваа имавме и гости од Австралија, маестро тони Димитриоски трубач и кларинетист Саре Симеонов, рече организаторот на фестивалот, Сашко Савевски.

Организаторот на фестивалот додели и празнанија на заслужните за одржување на “Хармоните“.
Вечерна, на вториот фестивалски ден, во “Магазата“ ќе настапат Александар Коловски и Ана Кришталева.
[ngg_images source=”galleries” container_ids=”156″ display_type=”photocrati-nextgen_basic_thumbnails” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_width=”240″ thumbnail_height=”160″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”20″ number_of_columns=”0″ ajax_pagination=”0″ show_all_in_lightbox=”0″ use_imagebrowser_effect=”0″ show_slideshow_link=”1″ slideshow_link_text=”[Show slideshow]” order_by=”pid” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]

Прва фестивалска вечер на “Хармониките“, одличен настап на виртузот Сашко Велков (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“





