Press "Enter" to skip to content

А1 Game Fest финале на 28 и 29 октомври

Традиционално, петта година по ред, А1 Македонија во соработка со GG.MK го организира најочекуваниот и најголемиот е-спорт настан во земјата – А1 Game Fest 2022.

Претстојниот викенд, на 28 и 29 октомври, Skopje City Mall е локацијата каде посетителите ќе имаат можност да ги следат во живо финалните натпревари, односно највозбудливиот дел од гејминг доживувањето на A1 Game Fest 2022.

Програмата за двата финални дена на А1 Game Fest најавува незаборавен викенд за сите гејмери, косплеери, гикови, фанови, јутубери, кастери и за сите гејминг ентузијасти. Ве очекуваат натпревари во: DOTA 2, Call of Duty:Warzone, FIFA 23, Tekken 7, Board Games, Retro Corner како и највозбудливиот Cosplay натпревар. Oваа година за прв пат ќе се одржи Reality Awakens трка со RC коли како и натпревар во Clash Royale, преку 5G мрежата на А1.

Онлајн публиката ќе има можност да ги следи натпреварите преку директен пренос на профилите на А1 Македонија на Facebook и Instagram, како и преку Twitch каналот GG.MK. Возбудата на натпреварите ќе ја пренесат нашите врвни коментатори, а гледачите ќе можат да освојат вредни подароци.