Press "Enter" to skip to content

Вечер на Француска класична музика во изведба на Легранд, Поп Ристов и Вршкова (фото)

Во преполната со публика сала за изложби и концерти во Заводот и музеј во Битола синоќа се одржа вечер на Француска класична музика во изведба на Фредерик Легранд – волончело, Марко Поп Ристов – виолина, Марија Вршкова – пијано.

Марија Вршкова е родена во Битола каде го завршува основото и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност – Скопје со највисоката оцена на ниво на универзитет – “CUM LAUDA” во класата на проф.Т.Светиев каде ги завршува и магистерските студии по пијано. Во текот на образованието добитник е на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија, а најзначајна меѓународна награда е Третата награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим – Италија. Покрај неколкуте снимени цд-а со истакнатите Македонски уметници, Ана и Олег Кондратенко, Блерим Груби, Страшо Темков, во 2010-та година, таа го снима и своето прво солистичко цд, Македонска музика за пијано. Вршкова е дел од уметниците кои редовно настапуваат на реномираните фестивали во Македонија како: Охридско Лето, ДММ, Златна лира, Есенски музички свечености…

Марко Поп Ристов е роден во Скопје бо 1984. Тој го завршува онсновното и дел од средното музичко образование во Битола. На 16 годишна возраст Марко добива стипендија и ги продолжува средното музичко образование под раководство на проф. П. Верникиов во “Scuola di Musica di Fiesole”, Фиренца, Италија. Марко во 2009 дипломира на престижниот “Royal College of Music”во класата на проф. Дона Ли Крофт, по што ги завршува и магистерските студии по камерна музика на “ Guildhall School of Music and Drama”, Лондон, Велика Британија. Марко од 2012 живее и работи во Окланд, Нов Зеланд. Тој редовенo настапува со APO (Auckland Philharmonic Orchestra), како повремен лидер на ACO (Auckland Chamber Orchestra), перманентен лидер на “Bach Musica” и две години беше концерт мајстор на “Wairua Sinfonietta”.
Марко свири на виолина Матијас Албани од 1674г.

Фредерик Легранд почнала да свири на пијано на возраст од 3 години. По дипломирањето на конзерваториумот во Валенсиен, таа почнала да го изучува виолончелото со Дејвид Лоуерс и Елен Датри и дипломирала на музичка уметност на Кралскиот колеџ за музика во 2009 година, кај Александар Бојарски. Истата година добива стипендија за да продолжи со магистратура на Кралскиот колеџ, кај Томас Керол. Последните, три последователни години, таа беше номинирана како RCM “Рајзинг Стар”, што резултираше со изведби во реномираните Кадоган сала и Вигмор Хол. Од неодамна, ја изведува операта Мајкл Нјман со квартетот “Лигети”, а нејзините нови проекти за 2018 година вклучуваат возбудлива програма на камерна музика на фестивалот „Лаудердејл хаус“ во Лондон од февруари до декември 2018 година, изведувајќи ги во трио и квартети, вклучувајќи ги Дебиси и Енеску сонатите.

More from КултураMore posts in Култура »