Press "Enter" to skip to content

Полицијата поднесе кривична против таксист поради силување на малолетничка

СВР Битола поднесе кривична пријава против педесетгодишниот таксист со иницијали П.К. од село Породин, Битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “силување“, кое го извршил врз малолетничка на возраст од 15 години.

МВР соопшти дека настанот се случил во близина на улицата “Раштанска“ во Битола во такси-возило, кое било управувано од страна на осомничениот.

More from ВестиMore posts in Вести »