Гостите во дел од кафулината на Широк Сокак и минувачите имаа прилика да поминат неколку часови слушајќи само македонска музика, а целиот проек носеше наслов “100% македонско“.
За ваквата 100% македонска забава се погрижи ди-џејот Христијан Ѓаковски, кој младите битолчани кои ја следат неговата кариера го познаваат како ди-џеј Рикардо.

-Синоќешната вечер се потрудивме да им остане како едно сеќавања од ова лето, а јас се потрудив да им пуштам македонски хитови од различни периоди, во што според реакциите сите уживаа, гостите и минувачите по Широк Сокак. Во периодот кога сите се преокупирани со фудбалските случувања мислам дека го погодивме сплетот од македонски песни во кој, пак ќе повторам сите уживаа, ни рече ди-џеј Рикардо.
“100% македонско“ се слушаше во кафулината “Портал 2“, “Игучи“, “Ин“ , “Симбол“ и “Пијано“.
На овој проект на ди-џеј Рикардо „100% македонско“ посебно уживаа нашите сограѓани кои живеат и работат во станство и се во својот град, а направија многу видео снимки, селфија со ди-џејот и од атмосферата на Широк Сокак.
“100% македонско“ е дел од програмата на годинашниот “Бит Фест“.






