Вечерва во свечената сала на Офицерки дом во Битола беше отворена изложбата “45 години творештво на Ѓуро Илиќ во боречките вештини, пред голем број на негови ученици, поранешни и сегашни, мајстори на боречките спортови, пријатели, соработници… почитувачи не неговото дело.На почетокот на отворањето на изложбата уште еднаш, иако познат на сите присутни, Илиќ го претстави Зоран Мишевски, спортски новинар, кој за него, на кратко, рече:
-Ѓуро Илиќ, дипл. правник, со џудо се занимава од 1969 година, во 1976 година станува носител на Црн појас, Џудо мајстор 1 Дан. Во 1986 е првиот Аикидо мајстор и е основопочожник на аикидо, а подоцна и реалното аикидо. Од 1975 е тренер на џудо клубот Пелистер 0д Битола. Раководел со 35 џудо и аикидо школи од државен и меѓународен карактер. Во овој период околу 7.000 ученици од Битола биле оспособувани под негово стручно раководство, а голем број од нив постигнале значајни резултати, претставувајки ги клубовите на државно и меѓународно ниво. Денес е носител на највисоки звања во нашата држава и регионот и тоа: џудо мајстор 7 Дан (доделен од United States Judo Rank Association-USA ), Р. Аикидо мајстор 8 Дан (доделен од World Centre of Real Aikido) и Џиу Џицу мајстор 8 Дан (доделен од All Japan Budo Association-Japan).
Доајенот на битолското новинарство, Димче Миновски, близок пријател на Илиќ спомена дека тој е автор на околу 30-тина публикации, книги, образовни видео и DVD изданија и списанија од областа на боречките вештини и спортови. Првата брошура во два дела по наслов “Џудо и Гошин џицу” ја објавува во 1977. Првата книга за џудо во Македонија ја објавува 1984. Првата видео касета со наслов “Џудо спорт самоодбрана рекреација“ ја објавува 1989. Првата ревија за боречки спортови вештини под наслов “Црн појас “на македонски и англиски јазик ја објавува 2001. Во 2007 година е избран за единствен претаставник од нашата држава во Европската куќа на славните за боречките вештини.
-Ѓуро Илиќ го запознав пред 45 години, колку славиме и денес за него. Беше пргаво момче, со долга коса и делеше од останатите. Тогаш реков дека ќе направи многу, а денес ме радува тоа што тоа и се оствари, а она што го има направено и го остава зад себе е огромно богатсво за нас и за генерациите кои доаѓаат.
Промоторот на изложбата проф. д-р Златко Жоглев, редовен професор на Педагошкиот факултет и носител на црн појас во карате, на почетокот на своето излагање Илиќ го нарече Шихан, учител над учителите и продолжи:
-Вечерва сме собрани овде за да му оддадема почест на еден извонреден човек, Шихан Ѓуро Илиќ. А кој е Ѓуро Илиќ? На тоа прашање е тешко да се одговори едноставно и кратко, а за тоа имавме прилика да чуеме од пошитуваниот Миновски. Не е за занемарување воспитно-образовното влијание што Шихан Ѓуро Илиќ го извршил врз своите ученици. Имплицитно или имплицитно, тој влијаел врз нив да ја усвојат латинската мудрост „Virtus est vitium fugere et sapiential prima stultitia caruisse!“ (Хорациј), со значење „Доблест е да се одбегнува порокот, а прва (највисока) мудрост е да не се прават глупости“. Со тоа во голема мерка придонел, неговите ученици да станат поквалитетни личности. Мудрец е човек кој го држи факелот во своите раце и на другите им го осветлува патот. Просветлениот човек самиот станува факел и им помага на другите да одат напред по осветлен пат. Гуру „растерувач на темнината“, е учител и мудрец кој на другите им помага да дојдат до вистината. Шихан Ѓуро Илиќ со се’ што направил досега во боречките спортови и во македонското општество, сосема заслужено може да ги носи епитетите „гуру“ , „мудрец“, па дури и „про светлен човек“. Затоа, тој е еден од првите кој добил заслужено место во Европскиот дом (куќа) на славните за боречки вештини (после браќата Илија и Владимир Јорга и Љубомир Врачаревиќ) од 2007 година.
Изложбата за отворена ја прогласи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој уште еднаш нагласи дека се работи за извонреден битолчанец, пример за младите и човек кој оставил и досега трага со своето делување на спортски професионален и човечки план.
Илиќ на обраќањето на присутните ја повтори мислата на Џигоро Кано, која била водилка во неговиот развој, но и насока која им ја пренесувал на неговите ученици, а таа е: Не е важно да се подобар од некој друг, туку да се биде подобар од вчера.
На изложбата на 20 паноа е претставено целокупното творештво на Ѓуро Илич, а испечате по тој повод и брошура која ја добија сите присутни. Изложбата е по повод 4. Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.

Отворена изложбата 45 години творештво на Ѓуро Илиќ, Шихан – мудрец и гуру, гигант во боречките спортови (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Реми на Пелистер во претпоследното коло против Силекс
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
More from СпортMore posts in Спорт »
- Реми на Пелистер во претпоследното коло против Силекс
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Вечер мајсторка за полуфинале, Илиевски верува во кошаркарите и пласман во полуфинале