Битолскиот Баир, веќе четврта година е фокус на акцијата за негово зазеленување под мотото “Зелен Баир“. Оваа година битолскиот холдинг “БВ бизнис груп“ и со обезбедување на сите садници и со лична работа на денот на засадувањето се вклучи во граѓанската иницијатива “Зелен Баир“ во соработка со Центарот за европски развој и интеграција.
-Заштитата на животната средина е инвестиција во иднината. Целта е да насадиме што повеќе дрвца сега околу Кркрдаш, за да ги видиме резултатите по неколку години. Дрвата не ги садиме само за себе туку и за идните генерации, изјавија од “БВ бизнис“ групацијата.
Во оваа акција како и изминатите години учество зедоа членовите на здруженијата кои се дел од платформата “ЗЕМИ ЗДИВ“. Во претходните 3 години на “ЗЕЛЕН БАИР“ беа засадени 400 зимзелени садници од кои дел успешно се адаптираа и веќе го зазеленуваат просторот.
Оваа година беа пополнети празнините во веќе засадените леи и беше отворен нов појас во кој се засадени новите садници од црн бор.
-Не радува што има комапнии кои го препознаваат значењето и на засадување дрва и на тоа да се биде општествено одговорен. Овој холдинг како општествено одговорна групација на компании ја препознаа нашата заложба за ревитализација на зелениот појас над нашиот град и ни помогнаа во набавката на садниците и со својот тим се вклучија во реализација на акцијата за пошумување, истакна Мирко Наумовски од иницијативата “Зелен Баир“.
Заложбата на ентузијастите собрани околу иницијативата “Зелен Баир“ е обнова на поранешната борова шума на ридот Баир која има функција на бели дробови на градот, и создавање уште еден простор за рекреација на битолчани.

200 зимзелени садници засадени од “БВ бизнис“ групацијата (фото)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- “GUESS“ пристигнува во “SILVER MOON“
- “Цермат“ – одвој момент за себе и уживај во богатата арома на “Segafredo“
- “Боди М“: “Нешто си ми поинаква.“ „Есента ми годи.“
- Mikel Coffee Company: вработува бариста за приклучување кон својот тим
- Финансиска писменост 2026: Бидете одговорни при заштитата на Вашите лични податоци!





