Press "Enter" to skip to content

Отворена изложба на акварели на Александар Поповски (фотогалерија)

Во културниот центар Магаза беше отворена изложба на акварели на авторот Александар Поповски, во рамките на битолското културно лето “Бит Фест 2018“.

На отворањето на изложба каде имаше голем број на гости, зборуваа, за авторот, Александар Поповски –претседателот на Друштвото на ликовни уметници на Битола, Драган Најденовски, а за делата кои беа претставени на изложбата Димитар Кочовски – Мичо.

-Авторот се зафати да изработи слики во еден од најтешките стилови, акварел или кај нас познат како сликање со водени боици, во што можам да кажам дека одлично го има изработено делата. Ја отворам оваа негова изложба, но ќе кажам дека ми вети дека наскоро ќе има и нова, рече Димитар Кочовски на отворањето на изложбата.

Авторот се претстави со дваесетина дела, тематски помеѓу портрети и претстави на животни.

-Во овој циклус доминираат мачките. Секојдневно се среќавам со нив (немам домашна мачка, но ги има доста во мојата околина) и инспириран сум од нивната еластичност и движење, кое дава можности за игра со форми и текстури, рече авторот на делата, ликовниот уметник Александар Поповски.

Ова е втора самостојна изложба на авторот, е ликовната уметност им ја претставува на средношколците во Горната Гимназија, каде е вработен.

More from КултураMore posts in Култура »