Press "Enter" to skip to content

Гласот на Марта Костурска ја оживеа чаршијата на вториот ден на “Локум фест“ (фотогалерија)

Битолчани кои ги имаа слушано македонските песни кои ги исполнува битолчанката Марта Костурска, која животниот пат ја однесе во Словенија, беа трпеливи да ја слушаат во живо, а оние кои за прв пат ја слушнаа синоќа пред “Бар Чаршија“ не го криеја задоволството и не зажалија што останаа до полноќ.

А, Марта Костурка во Битола, настапи заедно со групата “Ethnusiasm” во која има уште еден битолчанец, Горан Гаревски, а двајцата заедно со останатите членови на групата беа испратени со аплауз, а публиката ги враќаше на сцената, за уште еднаш двајцата да запеат за битолчани, што и го сторија.

А, гласот на Марта во петочната вечер ѕвонеше низ старата битолска чаршија, која ја оживеа, а публиката за време на целиот концерт ја наградуваше со аплаузи за прекрасните изведби на македонските песни од егејскиот дел, од каде е и потеклото на нејзиното семејство, Костурски.

-Ме радува тоа што бев во Битола каде поминав прекрасно, посебно ми беше убаво во Бистрица, во домот на Горан, а тука на бината имам некои посебни емоции, им кажа Марта на публиката.

Марта и Горан како вистински професионалци по завршувањето на концертот, иако ги чекаа роднините и пријателите, сепак останаа со публиката, зборуваа им кажуваа за музиката која ја исполнија, а беа трпеливи и се сликаа.

На концертот беа голем број на битолчани кои живеат и работат во Словенија, кои ја ислушаа нивната музика, обработките на македонските песни од егејскиот дел.

По концертот заминаа за Љубљана, каде ги очекуваат, уште вечерва, работни обврски, но ветија дека пак ќе дојдат во Битола.

Присутните на нивниот концерт на вториот ден на “Локум фест“ им порачаа дека ги чекаат во Битола, но вториот концерт да биде во Хераклеја каде ќе можат да ги гледаат и слушаат голем број на битолчани.

Инаку, групата “Ethnusiasm” се состои од воспоставени музички имиња и се обидува да ја негува и збогатува народната македонска музика со помош на модерни аранжмани, со што уште повеќе се нагласува вредноста на на едно од најбогатите музички наследства во светот.

С. Ристевски
[ngg_images source=”galleries” container_ids=”166″ display_type=”photocrati-nextgen_basic_thumbnails” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_width=”240″ thumbnail_height=”160″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”20″ number_of_columns=”0″ ajax_pagination=”0″ show_all_in_lightbox=”0″ use_imagebrowser_effect=”0″ show_slideshow_link=”1″ slideshow_link_text=”[Show slideshow]” order_by=”filename” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]

More from КултураMore posts in Култура »