Денес во просториите на приватното училиште “САБА“ од Битола, координаторката за настава, м-р Бисера Бијелиќ-Стојчевска и директорот и основач на ИТ компанијата и Академијата за јазици, програмирање,дизајн и човечки ресурси, Благојче Талески, потпишаа ексклузивен Меморандум за долгорочна соработка меѓу ова приватно, средно, стручно училиште и “Анлимитед кодерс“ од Битола.
Сè започна пред неколку месеци, од еден неформален разговор и прашањето кое се наметна, како до поквалитетен образовен систем, а следствено на тоа и поквалитетен млад кадар кој ќе сака да работи на локално ниво. Одговорот е вмрежување и соработка меѓу училиштата од една страна и приватниот сектор од друга страна. Примена на научената теорија во пракса, соочување со реални бизнис-ситуации, проблеми и предизвици уште од рана, средношколска возраст. Излегување од комфор-зона за младиот човек значи впуштање во приватен сектор под менторство на поискусни професионалци и учење низ работа.
Потпишувањето на овој Меморандум значи дека учениците кои се запишани и учат во ПСУ “САБА“ од Битола ќе имаат можност во трета и четврта година, својата практична настава да ја изведуваат во рамки на успешната фирма “Анлимитед кодерс“ Битола. Со тоа ќе градат искуство, работна навика, вештини и компетенции кои во иднина ќе ги направат квалитетни кадри коиби биле вреднувани и одлично платени на пазарот на трудот.
“Анлимитед кодерс“ Битола е локална компанија која несебично ги отвори вратите за младите затоа што искрено верува во нивниот потенцијал, го вреднува нивниот труд и работа, а со тоа инвестира во своите идни вработени.
Пошироко гледано, оваа соработка придонесува младиот човек од Битола да има мотив повеќе за да остане овде и својата иднина да ја гради тука. Само на тој начин ќе се развива локалната економија, а Битола ќе биде убаво и перспективно место за живот.

ПСУ “САБА“ и “Анлимитед Кодерс“ потпишаа Меморандум за долгорочна соработка (фото)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Супер понуда во маркетите на “Анромаркет“
- Проверка на клими и полнење за 10 минути во “Плинмонт”
- Компјутерска томографија во болница “Плодност“ Битола
- Продолжен викенд во Пожарско – Лутраки, топол базен, прошетка на планина, вкусна храна “Кај Митре“
- Една година спомени. Една година емоции. Една година Пионерски.





