Press "Enter" to skip to content

“Во срцето на Битола“ фестивал на ракотворството на “ЗУР македонски ракотворби“ (фото)

Во организација на “ЗУР македонски ракотворби“ започна да се реализира традиционалната манифестација “Во срцето на Битола“, што претставува еден вид на фестивал на ракотворството кој се одржува на отворено на Широк Сокак, а се содржи од обуки, работилници, саем и изложба на ракотворби.

Во амбиенталниот простор на кафулето “Бар Чаршија“ беше најавен стартот на оваа манифестација, за што Марија Лазаревска, ни рече:

-Започнуваме во “Бар Чаршија“ каде што ќе се запознаеме со сефардската култура преку работилница за ракотворби во различни техники. Потоа продолжуваме, а во следните седум дена ракотворци од цела Македонија ќе се претстават на саемот на ракотворби кој ќе трае до 2 август, која додава дека по завршување на саемот повторно се враќаат во “Бар чашија“.

-На крајот од овој фестивал од сите ракотворци ќе бидат претставени нивни дела, во прекрасниот амбиент на “Бар чашија“, но мора да кажеме дека за се ова да се организира добиена е поддршка од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Од ЗУР “Ракотворби“ се надеваат дека разноликоста на програмата ќе овозможи голема посетеност како од локалното население, така и од туристите кои ги има многу во Битола во овој период.

Членовите на ова здружение кое ги негува ракотворбите веќе се подготвува за следните активности, а тоа се одржување на работилница за мозаик и прослава на 14 роденден на ЗУР.

С.Р.

More from КултураMore posts in Култура »