Press "Enter" to skip to content

Министерот за здравство Филипче во посета на битолската Клиничка болница (фотогалерија)

Министерот за здравство во Владата на Република Македонија, Венко Филипче денес беше во посета на Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ во Битола, каде рече дека ќе има 100 нови вработувања, за брзо ќе се стави во функција линеарниот асцелетарот, а магнетната резонанца ќе работи 24 часа.

Министерот Филипче ги посети очното одделение, гиникологија, САРИЛ, ургентното одделение, нервно, детско, рентген…

По обиколката заедно со менаџерскиот тим одржа и средба со новинарите, на која министерот Филипче за вработувањата рече:

-Посетата на битолската болница и запознавање со проблемите кои ги има е затоа што оваа болница покрива еден сериозно голем регион од државата и заедно со Министерството за здравство да ја унапредат струката. Би сакал да напоменам две работи, прво по долго време во овој период во оваа болница се вработуваат 80 лица од кои се лекари, останат медицински персонал и малку кои не се медицински работници. Сметаме дека кадарот треба да се зајакне, а тоа да им го понудиме на нашите малди доктори да останат и да се едуцираат во нашата земја. Со оглед дека интересот за вработување е голем разговарано е и тоа ќе се направи ќе се отворат во напосредниот период кој доаѓа, односно кога ќе се определат средства од буџетот ќе се вработат уште 100 луѓе, од кои најмогу ќе бидат доктори и медицински сестри.

За линеарниот асцелератор кој е пред отворање, министерот Филипче рече:

-За прв пат во овој дел на нашата земја ќе се понудат онколошки сервиси. Пациентите нема да патуваат со Скопје, туку во Битола ќе има современо онколошко одделение во кое што ќе работат доктори и медицински сестри. Неколку фази пред отворањето се поминати, останува уште да се надгради електронскиот систем, да се едуцираат докторите и физичарите кои што ќе работат на линеарнито асцелератот, што се надевам дека во следните месеци тој процес ќе се финализира и конечно ќе проработи овој центар.

На средбата на министерот за здравство се разговараше и за некои други помали и поситни работи за кои што на тимот им е потребна помош од страна на Министерството за здравство и за тие проблеми е договорен начинот и динамиката за реализација.

Министерот на новинарско прашање за листите за чекање за снимање на магнетната резонанца рече дека од идниот месец од 10 август, оддлението ќе работи 24 часа, а со тоа по примерот на хрватското здравтсво се надева дека листите ќе ги снема.

За таа насока ќе се направат регионални центри, а како пилот проект е битолската клиничка болница, каде има кадар за да се работи 24 часа.

Текст и фото: С. Ристевски