Press "Enter" to skip to content

Во село Олевени го пронашол телото на својот татко во фаза на распаѓање

Во Секторот за внатрешни работи Битола, З.Ц. пријавил дека во село Олевени, Битолско бил пронајден починат (во фаза на распаѓање) неговиот татко П.Ц. (66) од с.Олевени.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.