Со д-р Васил Чипуровски информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за колоректален карцином, за што вели:
-Колоректален карцином еден од најчестите и со најголем морталитет покрај карциномот на дојки кај жени и карциномот на бели дробови кај мажи. Улога во негово настанување има нездравата брза храна со заситени масти од животинско потекло, намален внес на фибер влакна(полнозрнести житарки овошје зеленчук) со исхраната и намалената физичка активност,генетските со автосомно доминантен пат на наследување неопластична фамилијарна полипоза и хередитарниот неполипозен Lynch syndrome tip I II, Кроновата болест и улцерохеморагичниот колитис, после направена уретеросигмоидостома, пушење итн.
Во поново време како скрининг метода можи да се користи и Ултрасонографијата ехото на абдомен на која се прикажува “pseudoкidney sign“ со хипоехогеност надворешност и внатрешна хиперехогеност од гасови и калцифициран фецес или нагло губење на хаустри на дебело црево со сегментно нагло задебелување на ѕид со асиметрична хипоехогена ехотекстура и нарушена стратификација на мукоза, субмукоза и сероза и престенотична дилатација како и изразена хиперваскуларизација на ѕид на дебелото црево на колор доплер покрај тестот за окултно крварење, CEA CA19-9 тумор маркерите, ректалното туше сепак златен стандард е колоноскопијата со која можи да се направи биопсија.
Клиничката слика често е асимптоматска или со појава на палпабилна маса, абдоминална болка, грчеви и нарушен мотолитет на црева со хроничен запек и крв во фецес со изразито губење на телесна тежина. Во зависност од засегањето на соседните органи и лимфни јазли инвазивноста регионална на КРК се одредува и тоа дали е хируршки операбилен или само ќе се врши хемотерапија и зрачна терапија од онколог.