Иако во ова време се брзо се менува и се брзо се заборава по промената, една стара битолска традиција сепак е останата и ден денес, а се надеваме дека и во иднина ќе остане.
Се работи за продажбата на пченка, или по битолски кочани, варени и печени на ќумур, кои традиционално околу Илинден, односно фестивалот “Илинденски денови“ се продаваат на влезот на Шеталиштето.
На оваа традиција, која како велат битолчани, не е за најаска, туку колку да се проба, најповеќе се радуваат најмалите сограѓани, но не е искучено и некој возрасен да се забележи како се насладува.
Да се надеваме, дека големите тенџериња со варени кочани и скарите на ќумур каде се печат кочаните, уште долги години ќе ги гледаме на Шеталиште, а кој ќе го фати мерак – нека се послужи.






