Press "Enter" to skip to content

Промоција на документарен филм и изложба за Ѓурѓовден на американката Дунин (фотогалерија)

Во културниот центар “Магаза“ во Битола гостуваше здружението “СА О РОМА“ од Скопје, а во рамките на гостувањето се одржа промоција на документарен филм и изложба на фотографии кои ги има снимено американката Дунин. Сите активности беа организирани од НУ Завод и Музеј од Битола.

Директорката на Завод и Музеј, Мери Стојановска, на промоцијата рече дека ова гостување на “СА О РОМА“ во Битола го поддржале, а присутните го проследија документарниот филм и 60-тина фотографии од американката Дунин за ромскиот Ѓурѓовден во Скопје научиле нешто ново за овој празник на Ромите, но не само ним. Секако оваа промоција позитивно ги изненади битолчани.

20 минутниот филм за славењето на празникот Ѓурѓовден/Ерделези е видео приказ на традицијата и идентитетот на ромската заедница започнувајќи од 1967 до 2017 година. Режисерот на “СА О РОМА“ вели дека овој филм ќе се презентира во 6 градови низ Балканот а на 21 овој месец ќе гостува во Загреб.

Иако авторот на изложбата Елси Иванчиќ-Дунин не беше присутен на отварањето, сепак преку порака ја изрази својата благодарност велеејќи дека “Магаза“ е всушност најубаво место за презентација на “СА О РОМА“.

Изложбата ќе трае 5 дена, а битолчани ќе имаат можност да уживаат на два документарни филмови, две ромски женски празнични носии како и над 100 фотографии кои го документират празникот 50 години.

На промоцијата и изложбата беа присутни од здружението “Сумнал“ од Битола, а од страна на “СА О РОМА“ добија пофални зборови за што им помогнале во организацијата и поради тоа што се дел од филмот и од изложбата.

-Не радува тоа што филмот е едно сеќавање за празнување на Ѓурѓовден во Скопје на место на кое повеќе не се слави, бидејќи сега таму е Американската амбасада. Кога го гледав филмот се потсетив на некои љуѓе кои беа дел од тоа славење, а кои за жал веќе ги нема, па затоа преку овој филм и фотографиите кои се направени за време на прославата, тие ќе останат и понатаму со нас, рече Фатма Бајрам Аземовска од “Сумнал“.

Целиот настан беше збогатен и со ромска чалгиска музика.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »