Младите од Пелагонија одбраа да дебатираат за предизвиците со кои се соочуваат во „интернет ерата“ во која што живеат, да научат како и со чија помош да ги надминат емотивните состојби предизвикани од влијанието на интернетот.
Прашањето кое го поставуваат гласно е „Интернет- кој кого користи, јас него или тој мене?!“
На ова прашање ќе се обидат да одговорат гостите – панелисти: Станислав Петковски-специјалист по клиничка психологија, Миа Костова – водител и инфлуенсер, Софија Арнаудова – професор од Филозофскиот факултет и Тони Попов- уметник, поет и сценарист.Дебатата ќе ја модерира Живкица Каленикова – автор и водител на ТВ емисиите “Тунел“ и “Жилет“.
Тимот на “Про Локал“ со особено задоволство Ве поканува да поразговараме јавно и отворено за Менталното здравје и младите, дебата која ќе се одржи на 14-ти јуни, во Офицерски Дом во Битола со почеток во 19 часот.
Јавната дебата е организирана во соработка со 9 граѓански организации и неформални групи на млади луѓе од пелагонискиот регион а во рамки на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија
Ве очекуваме, заедно и отворено, да ги изразиме нашите емоции со зборови наместо со емотикони!