Press "Enter" to skip to content

Кире Ристевски, фудбалер: чест и гордост за мене  60 одиграни натпревари  за репрезентација на Македонија

Жанета Ристевска

Започнав во најмалите т.н “петлиња“ на ФК Пелистер од Битола. Потоа ги поминав сите категории, од 10, 11 години пионери, младинци, кадети, но никогаш не се пропуштав  тренинг.  Иако во тешки услови, буквално немаше терен со трева во Битола. Но, трениравме, се натпреваруваваме на дожд, снег, ни замрзнуваа нозете… но немаше откажување, љубовта кон фудбалот беше најголема. Тоа е една преголема желба. После  18 година заминав од ФК Пелистер и играв низ повеќе фудбалски клубови во Чешка, Албанија, Бугарија, Маџарска, Кипар, Ерменија. Секој клуб значеше еден скалило погоре во мојата кариера.

Заради менаџерски игри, субјективност на тренер, спортски директор  многу пати сум морал да заминам од клубот, но не се поколебав. Последното заминување ме повреди многу и како играч и како човек. Заради  субјективноста на тренерите,  морав да заминам од ФК АЕ Лимасол Кипар.  Сега бирам  клуб, но би  сакам  добри услови за мене, но сега човек со семејство размислувам и за условите за мојата ќеркичка. Важна ми е кариерата, но семејството ми е многу значајно.Низ разговорот со Кире Ристевски фудбалер зборувавме повеќе од еден час за различни теми.  Отворено зборуваше за кариерата која ја започна многу рано, сите заткулисни игри во фудбалот каде менаџери одлучуваат за судбината на младите надежи и како  сето тоа  влијае врз судбината на младите надежи, врз нивниот живот и семејството.

За себе… Кога започна со спорт, посебно фудбал?

-Од најмала возраст сакав спортови, учење не. Затоа на игралиштата каде се играше фудбал, одбојка, кошарка таму бев јас. Од 7 годишна возраст со другар ми започнавме да тренираме во најмалите  т.н. “петлиња“ во ФК Пелистер. Се сеќавам не пропуштавме натпревар дожд, зима, снег, ладно, лето жешко. Не се пропушташе тренинг. За  да стигнеме навреме не носеа родителите од кои имав голем поддршка. Потекнувам од село Долно Оризари и кога не можеа заради работа, одевме со било што “точаци“, автостоп, пријатели.  Не ме инетесираше учењето само фудбалот.Од пионери не пропушташ тренинг…

-Во тој период тренер на сите млади екипи беше Златко Цветановски – Дуци. Подоцна поминав во пионери кога започнавме со натпревари. Тогаш ривали ни беа Македонија Ѓорче Петров. Во екипата имаше  постари од нас  и не победуваа, но подоцна и ние им париравме. Ривалитетот меѓу нас придонесе да бидеме се подобри. Затоа  веќе како пионери освивме финале Куп, првенство или бевме секогаш меѓу првите. Тоа беше силна генерација на фудбалери кои започнаа тука, генерација 1989/90 година од каде излегоа 15-20 фудбалери кои играат до ден денес и се истакнати. Тоа се познати професионалци кои играат во клубови надвор од Македонија. Немавме никакви услови, игралиштето  запоставено, без вештачка трева. Самите ние со родителите се снаоѓавме со дресови, да  одиме на подготовки во Охрид или Струга. Летни подготовки имавме редовно, но на зима немаше. Игравме на снег, ни замрзнуваа нозете… но немаше откажување, љубовта кон фудбалот бешпе најголема. Подоцна тоа ми помогна да бидам упорен и да не се откажувам.Во екипа на кадети, младинци и првиот тим на  Пелистер и во репрезентација

-Се играше силно, тогаш Слога Југомагнат ни беше ривал. Од пионери до младинци игравме со нив. Од 17 години во тој период ние тројца до пет стандардни играчи, од младинци одевме во прв тим, како напредуваваме. Кога  Ставревски  се откажа како лев бек на 17 години ми дадоа шанса да играм за првиот тим на Пелистер.Прв натпревар ми беше против Победа. Со добри карактеристики ќе кажам дека уште на свои  17 години играв Лига Европа против Апоел Кипар и среќен сум што имав можност да доживеам такво искуство. А потоа на 17 години ги одиграв и првите натпревари за репрезентација на Македонија. Во тој период Пелистер беше подобар финански, немаше други школи и можеби на едно место беа собрани сите талентирани млади надежи. Од сите нив се правеше селекција. Подоцна се јавија други приватни школи за фудбал.Првите искуства во други клубови

-На 19 години ми се укажаа шанси да заминав во неколку клубови, Баник Острава и Брно Чешка, потоа Вашаш Унгарија. Во сите отидов на проба. Но, менаџерите не беа доволно моќни за да се среди трансферот. Иако не испадна како што би требало, не  се разочарав. Тоа беше големо искуство за мене, за прв пат излегов од Македонија. Видов дека има голема разлика во услови, работа. Се сеќавам кога отидов за прв беше Баник Острава Чешка, бев многу збунет не знаев јазик. На првиот кондиционен тренинг завршив последен, не бев навикнат на нивното темпо. Кај нас беше таква реалноста немаше клуб кој ќе застане зад тебе и бевме оставени сами на себе и како ќе се снајдеме. Од оваа перспектива гледам  дете кое излегува прв пат настрана и треба да се навикне на нивен менталитет. Младите уште не знаат што ги чека. Овде само ќе кажам за најмладите таленти. Што побрзо заминеш од Македонија  толку е подобро за да влезеш во кондиција и игра. После неуспешни обиди во разни клубови пресеков и се вратив на 18 и пол години повторно во Пелистер кога тренер беше Љамчевски.Договори за игра во други клубови

-На 19 години заминав во ФК Елбасан останав 6 месеци, а оттаму заминувам  во Билис Балш Албанија каде играв 3 години. Тоа ми беше отскочна даска за понатаму. Таму оставен сам на себе, местото мало, со фабрика за нафта, целиот воздух загаден. Тежок перод, сам, но издржав, стекнав искуство и можам да кажам станав играч. До ден денес таму имам навивачи и популарен сум. Ќе кажам дека на никој не му посакувам да ја започне кариерата таму, во однос на животот таму. Мало место каде имаше еден хотел и кладилницата беше кафетерија. Платата беше мала, но за македонски услови добра за моите години, а и немаше каде да се троши.Во ФК Славија Софија Бугарија

-Од Билис Балш заминав во Бугарија, во Славија Софија познат и клуб со традиција. Претседател на клубот Венци Стефанов моќен човек кој работи во федерација и добро искуство за мене. Во 4 години до својата 25 година играв  одредено време во три фудбалски клубови.ФК Вашаш

Кариерата моја се надогради во Вашаш и потоа во Ујпешт во Унгарија и тоа вкупно 6 години. Најпрво во Вашаш кој не е преголем клуб, но  доста ценет, се наоѓа во срцето на Будимпешта. Овде веќе видов голема разлика во однос на физички и психолошки подготовки. Во однос на исплати на плати се функционираше беспрекорно. Во споредба со условите на фудбалските клубови на Балканот со условите таму, тоа беше Реал Мадрид. Во двата клубови  останав по три години каде изиграв многу добри натпревари и станав миленик на навивачите. Се навикнав и на нивниот менталитет. Имав проблем во првите шест месеци. Странци против Унгарцим бидејќи домаѓините, Унгарците, си го чуваат своето. Дури не те запознаат не може да те прифатат во друштво. Кај нас кога дојди странец го гледаат како Бог. Кај нив треба да те научат каков си. Кога ме запознаа ме прифатија многи добро и сега имам се уште пријатели таму. Во моите почетоци е правило “каде ќе добиеш шанса се докажуваш секаде и почнував се од почеток“. Се навикнуваш на нивниот менталитет. Младите играчи прават грешка кога наидат на препрека се откажуваат и престануваат да играат. Со Ујшест го освоивме купот на Унгарија. Потоа заминав Кипар во АЕ Лимасол каде се случија многу непријатни работи за еден играч.

Во АЕЛ Лимасол  ги почуствувавте сите негативности на субјективност на тренери, управа во еден фудбалски клуб. Кажи ни повеќе?

-Во Лимасол дојдов со семејството и ќеркичката која беше мала. Се одлучив за Кипар море, сонце заради неа. Изиграв 1 година, многу добри натпревари. Но, се случи да замине тренерот и спортскиот директор. Со таа промена дојдоа нови и после одиграни 37 натпревари за клубот и 5 за репрезентација се одлучија да ме тргнат заради нивна субјективност. Со притисок и закани сакаа да ме тргнат односно 4 месеци имав псохолошка тортура од нив. Би сакал тука да раскажам се за тоа што ми се случуваше бидејќи ми беше едно многу лошо искуство во мојата кариера,како изкуство за другите. Исто така и многу други играчи имале слични искуства во Кипар.  Ова го кажувам за да знаат младите играчи што ги чека. Мене и уште неколку играчи за да си заминеш сам и раскинеш договор ни правеа еден вид мобинг. Ние тренираме различно на високи температури, различни тренинзи во најжешкиот дел од денот без доктори, други услови за нас. Нé не исплатуваа. Дадени се на суд на ФИФА и сега се банирани додека не ги исполнат условите по договор. За мене многу лошо искуство, навреден и уништија се што сум градел досега се уништи за 4 месеци, а не заслужив бидејќи не играв лошо. После тоа заминав Ерменија, но моментално слободен фудбалер и барам друг клуб.Од 17 година играш за репрезентација на Македонија. Кажи ни повеќе

-За репрезентација на Македонија играв од 17 година но натпреварите до 21 не се земаат предвид. Од 21 година имам изиграно во националниот дрес 61 официјални натпревари, а тоа е многу искуство. После  50 одиграни натпревар,  добив дрес како лична заслуга и чест дека сум играл за Македонија. Нема поголема чест и гордост да играш за репрезентација. Но, за разлика од други држави, нема баш многу разбирање кон играчите. Ние играчите најчесто ако нема победа, нема почит за тоа што сме дале, веднаш напаѓање. Потоа воопшто не се цени низ што се поминуваме.

За семејството

-Патувајќи низ разни клубови и престој таму најпрво голем дел го поминав сам настрана од својата фамилија. Сега сум семеен човек со мојата сопруга Марија со која сме заедно 14 години. Во мојата кариера која ја раскажав на еден начин, помиваме се и сешто. Во брак сме од 2018 година и од тогаш живеевем заедно. Во тој период играв во Унгарија и таму поминавме убав период заедно. Пред три години ни се роди ќеркичката Лара која ни го раубави и смени животот. Сега мора да има убави услови и за неа, во однос на градинка итн. Тука само ќе кажам дека многу убави услови имавме во Кипар, особено за неа. 

Сега кога бирам клуб каде ќе ја продолжам кариерата  веќе многу повеќе размислувам каде ќе се одлучам. Во смисла каде  ќе живееме, какви услови ќе има за сите нас, а најповеќе за мојата ќеркичка. Би сакал да играм до кај своја 35 година и потоа може и тренерска кариера, каде ќе ги споделам своите искуства на младите кои ја започнуваат кариерата.Со сите предизвици со кои се соочувал и тешкотии кои ги почуствувал на своја кожа,  Кире Ристевски фудбалер пример за постигнување на успех со упорност. Се надевам дека искуствата кои ги сподели зборувајќи за себе, ќе бидат вистински и корисен пример за помладите генерации фидбалери, идни професионалци. Со тоа и заслужено во bitolanews.mk интервјуа.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »