Ласерска корекција на диоптрија е најпопуларната метода за корекција на диоптрија која се користи во светот повеќе од 30 години и на светско ниво се извршени повеќе од 40 милиони интервенции.
Станува збор за една од најмодерните интервенции на денешницата за ласерско ремоделирање на рожницата (предната проѕирна површина на окото) за отстранување или намалување на диоптријата/цилиндерот а Систина Офтламологија е регионален центар за оваа процедура.
Со ласерската корекција на диоптрија се корегира/отстранува ‒10 до +6 и ±6 астигматизам (цилиндер). Возрасната граница е од 18 до 40 години и минимум една година стабилна диоптрија.
Самата интервенција трае само 5 минути од око. Таа е комплетно безболна – се става локална анестезија во вид на капки и пациентот не чувствува болка. Пациентот е буден и разговара со офталмологот и ги следи неговите насоки. На окото се става држач – оваа постапка е безболна, но можеби малку некомфорна. Таа служи да се задржат очните капаци. Пациентот има чувство дека трепка, иако тоа не го прави поради држачот. Потоа се креира флап на рожницата на окото на кое место се ласерира и отстранува диоптријата. Откако ќе се отстрани диоптријата, флапот се враќа во нормална положба. Оваа постапка е комплетно безболна.
Со денешните ласери, една диоптрија се отстранува за помалку од 2 секунди. Системот за следење на окото на пациентот во текот на операцијата (tracker) овозможува прецизна достава на ласерските зраци на точно одредено место, независно од микродвижењата на окото на пациентот додека работи ласерот.
Ласерската корекција на диоптрија во Систина Офтамологија е рутинска процеудура која се спроведува согласно протоколи и стандарди на светската офталмологија. Искусниот хирушки тим, како и за сите други интервенции, е гаранција за успех во третманот на вашите очи.
Во одредени случаи може да се отстрани и повисока диоптрија. Кај пациентите што имаат повисока диоптрија и не се кандидати за ласерска корекција на диоптрија постои решение за отстранување на диоптријата со вградување на најсофистицираните леќи во очите, чии резултати се еднакво добри, а во некои случаи се подобри и од ласерската корекција на диоптрија.
Закажете го вашиот термин во Систина Офталмологија Битола на следните броеви во Битола: 047 226 900 и 070 355 900.