Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: за родителите на прваче, нивните дилеми и прашања за поаѓање во училиште

Прв училишен ден 1 септември, почеток на школската година, кај секого буди спомени и различни чувства… и тој период сите ние евоцираме  сопствени спомени и емоции поврзани со него. Особено кога сме поаѓале во училиште во прво одделение. Родителите кои имаат дете кое сега тргнува во училиште во прво одделение постои поголем стрес околу низа дилеми поврзани со  поаѓањето на нивното дете во прво одделение. Со цел да им излеземе во пресрет и охрабриме ќе се обидеме да одговориме на некои дилеми и прашања кои се поврзани со оваа тема. Се надеваме дека овие совети и препораки ќе им бидат корисни и секој ќе извлече тоа што му е потребно.

На детето треба да му се кажува што ги чека во училиште, но од позитивен и ведар аспект и без зголемување и  дополнително разубавување на се. Исто така добро е да му  раскажеме, како беше кога ние започнувавме на училиште во прво одделение (посебно дека постојат разлики од тогаш). Посебно да ги нагласиме сопствените  чувства кои сме имале првиот ден, какви биле тие, од што сме биле исплашени, како сме го надминале стравот, како сме се дружеле, со кого, и што најповеќе сме сакале во училиште. На тој начин  му даваме позитивна порака дека  го разбираме што доживува и се соживуваме со неговите понекогаш и измешани чувства на возбуда, страв… да му укажеме дека сакаме дознаеме  како се чувствува. Со сето тоа  и го ослободуваме  да зборува за своите чувства, но не ги оставаме настрана ни своите. Со тоа му оневозможуваме да се создаде отпор за училиштето.

Една од најголемите грижи кој ги притиска родителите е како ќе се вклопи неговото дете во новата средина. Дали ќе биде прифатено од средината, другарчињата, учителката.

Овој страв е оправдан, бидејќи сите се плашиме кога прв пат ќе се најдеме во некоја ситуација не можеме да знаеме дали ќе бидеме прифатени особено ако имаме 6 или 7 години. Родителите би требало да знаат дека е нормално да се плашат, но правилно да го анализираат тој страв и да не го додаваат врз стравот кој постои кај детето. Треба да успеат  да бидат мирни и да се смируваат со зборовите “се ќе биде во ред“ но, и внатрешно бидејќи  нивното дете може интуитивно да го почуствува тој страв и да биде дополнително оптоварување за него.

Родителите треба да знаат дека овој страв кај детето е вообичаен, а  не “ненормален“. Од своја позиција на смиреност да ги пратат чувствата на детето, во однос на училиштето и другарчињата. Децата на таа возраст уште ја читаат невербална комуникација и реагираат по интуиција во избор на другарче и сл.  Добро би било сигурно, опуштено и како од љубопитност да го прашаме  и да го потикнеме да ни кажува за своите чувства поврзани со се околу него. Како се почуствува денес, дали запозна ново другарче во училиште  и сл.

Појава на психосоматски проблеми

Кај некои деца може да се јават и некои психосоматски тегоби (несоница, болки во стомачето, главоболки,  повраќање, послаб апетит, да сака да спие со мама, тато). Сето тоа  треба смирено и трпеливо да се прифати. Тоа е  нормално да се јави кај некои деца првите денови на училиште во нова средина. Но, треба смирен разговор со детето, прошетки во парк, да му се даде омилената играчка и сл.

Родителите можат да бидат  загрижени и за:

-како нивните децата кои до 31 август, играта им била основна активност  и грижа мора на училиште  подоцна да седат 40 минути, мирно на едно место во континуитет од неколку часа.

-како да ги  усмерат децата кон училишните обврски и должности.

-училишните активности и обврски се прилагодени спрема возраста.  Активносстите на часовите се интерактивни за да им биде интересно и да  го задржи  вниманието на учениците. Се разбира и наставните часови се прилагодуваат на тгоа. Првачињата прво стратуваат со помалку  часа и постепено се зголемуваат во текот на првите седмици во зависност од тоа како се прилагодуваат учениците.

Првиот месец е месец на адаптација, запознавање. Подоцна следните месеци се зголемува фондот на часови и обврски кои му се задаваат и дома. Заради тоа во почетокот за родителите е потребно да знаат дека:

-домашните задачи можат да ги прават заедно, но понатаму родителот треба да биде споредна фигура во тие активности,

-детето треба да се поттикнува самостојно да ги изработува домашните задачи и исто така само да ги открива своите грешки. Улогата на  родителот е  да открие кога ќе биде детето подготвено самостојно да пишува домашни задаши и тој да контролира дали е во ред.

Претераната контрола од родителот испраќа порака до детето дека е не е способно само да ги извршува своите обврски и дека не му се верува доволно во тоа што ќе го направи дури и ако му се кажува “секоја чест супер е направено!“или “која е следната задача?“… Периодот кога започнуваат на училиште за детето значи и премин од активности на игра во други активности на работни навики кои ги бара училиштето.

Правилно е ако детето во зависност од возраста до поаѓање во училиште ги исполнувало следните обврски:

-средување и сложување на своите играчки

-сложување на свои алишта пред спиење потоа наутро сложување на пижами и сл.

-средување на маса заедно со мама после јадење и сл. обврски околу домот спрема возраста

-животни вештини и навики спрема возраст како (врзување на  врвки од патики и самостојно облекување, одење во ВЦ со потребната хигиена).

Исто така добро е да биде подготвено и да знае, што е лево десно, горе- долу, напред- назад, да ги знае и опишува годишните времиња,деновите од неделата, да брои до 10 или 20.

Со воведување на вакви обврски и учење на животни вештини при воспитувањето на детето тоа се подготвува за да биде што посамостојно кога тргнува на училиште. Но, ако до поаѓање во училиште тоа нема никакви обврски и правила тогаш со воведувањето на истите треба да биде постепено и не треба да се претерува со нив. Често родителите кога детето тргне во училиште имаат високи очекувања дека покрај училишните обврски сега треба да ги исполнува и другите. И тоа представува дополнително оптоварување непосредно по тргнувањето во училште.

Треба да се нагласи дека кога ќе тргне во прво одделение многу поважно е детето да биде подготвено на основните животни вештини кои ги споменавнме погоре, а тоа беа: самостојно да се облекува, соблекува, јакната да ја обесува во училница, да ги врзува врвките, да ги сложува училишниот прибор, моливи, боици, тетратки во училишната чанта, да знае да го брише своето носе, и потребите за во тоалет. Тие вештини се многу позначајни.  Многу повеќе од  тоа да знае да пишува броеви, букви или чита. Оние кои не знаат, ќе научат и тоа правилно со правила како што налага правописот.

Родителите на тие деца не треба да се плашат дека ќе заостанат бидејќи и развојот на децата не е праволиниски. “Хало ефектот“ дека оние деца кои се покажале како добри во почетокот ќе ги следи таквата слика и понатаму во училишниот процес многу зависи од објективноста на наставникот и неговата проценка кој колку напредува се разбира со почитување на индивидуалните рзалики кај учениците.

Кога детето е спремно само да оди до училиште?

Свесни сме дека на почетокот треба детето  да се носи и пречекува од училиште. При тоа копга се поминува патот добро е времето  да се искористи за да му се објаснуваат сите опасности и правила на однесување на патот. Во зависност од околината и опасностите родителите треба да проценат добро кога детето е спремно да го прави тоа самостојно или заедно со врсниците и другарчињата.