Образованието е најсилното оружје кое може да го користиш за да го промениш светот. Но, силата на знаењето е ништо ако не се споделува. Запишувајќи се на Бизнис академија Смилевски – БАС, запишаните студенти ќе имаат можност да стекнуваат нови знаења и истите да ги споделуваат.
Бизнис академија Смилевски – БАС го одржа првиот академски час со студентите од прв циклус на студии 16-та генерација студенти на локациите во Скопје и Битола. Оваа академска година студентите ќе реализираат настава на двете студиски програми на додипломските студии: Бизнис менаџмент или Маркетинг менаџмент.
На новозапишаните студенти им се обрати основачот на БАС, проф. д-р Цветко Смилевски кој ја истакна споредбата помеѓу академската 2010/2011 година кога се активирани и студиите на втор циклус со вкупно новозапишани 128 студенти и оваа академска година.
Констатира реално зголемување на интересот и одлучувањето за студирање на БАС со над 50%. Ваквиот резултат во услови на намален број на кандидати за упис (намалена демографска генерација матурнати 2023 во однос на 2010 за над 20%), зголемено заминување на матуранти на школување и/или работа надвор од државата и отворање уште неколку нови високообразовни организации, јавни и дисперзирани студии на јавните вискообраозни установи и нови приватни високообраозни организации, основачите, наставниците и соработниците на БАС со право се гордеат на овој индикатор на прифатеноста на брендот на БАС помеѓу младите и возрасните идни професионални менаџери.
Во името на академската заедница на институцијата се обрати и заменик директорот, проф д-р Гордана Тасевска. Присутните професори запознавајќи ги со дел од активностите кои треба да се реализираат од страна на студентите, ги поздравија и им посакаа среќен почеток.

Први академски час на Бизнис академија Смилевски – БАС (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Двојката“ влезе во завршница со +4, загуби со еден гол разлика во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер поразен во првото вечно дерби во Скопје
- Нова убедлива победа на младинците на Еурофарм Пелистер 2 (фотогалерија)
- Пораз на Пелистер од Битола од МЗТ на гостувањето во Скопје
- Народната банка презема мерка за заштита на имотот на Алта Банка АД Битола и интересите на штедачитеНародната банка презема мерка за заштита на имотот на Алта Банка АД Битола и интересите на штедачите





