-МНД Битола им додели плакети на Милица Шперовиќ и Кирил Рибарски, идејните творци и реализатори на овој реномиран фестивал повеќе од три децении, за значаен придонес во промоцијата, негувањето и развојот класичната музика, а им ги додели претседателот на МНД Битола, д-р Невена Груевска.
-Јас сум горд за тоа што Милица и Кирил Рибарски направија фестивал, кој не е само битолски, туку е македонски. А, за Битола ќе кажам: ако ја нема Битола ќе ја нема Македонија, а ако је немаше Битола мораше да се измисли, рече Трифин Костовски, кој го донираше пијаното “Безендорфер Гранд“.МНД Битола вечерва во Офицерски дом организира настан кој е дел од годишната програма на МНД за 2023 година, а е насловен “Тематска вечер: Интерфест – Тридецениски културен белег на Битола“. На настанот присуствуваше градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, членови на МНД, гости…, а зборуваа претседателот д-р Невена Груевска, брачниот пар Шперовиќ- Рибарски, донаторот на концертниот клавир “Безендорфер Гранд“ – Трифун Костовски и Кире Стојчевски – актуелен директор на Државното музичко училиште. Претседателот на МНД Битола, д-р Невена Груевска, во уводниот дел на вечерашниот настан рече: -Вечерашниот настан, тематската вечер е посветена на Интернационалниот фестивал на класична музика Интерфест кој претставува вистински културен белег на градот Битола, воедно и промотор на нашиот град и култура насекаде низ светот. МНД Битола на оваа тематска вечер сака да им оддаде признание на брачниот пар Шперовиќ- Рибарски, кои се идејните творци и реализатори на овој реномиран фестивал повеќе од три децении, па затоа ми е посебно драго што МНД Битола е организатор на оваа тематска вечер.За почетоците на фестивалот, пред 32 години, зборуваа Милица Шперовиќ и Кирил Рибарски.-Првиот мотив зошто во Битола започнавме со “Интерфест“ беше, и е затоа што Битола е мој роден град. Потоа во Битола после моите студии работев во музичкото училиште кога ја формиравме музичката младина на Македонија, а јас бев првиот преседател и со организацијата на концертите ја “градевме“ заедно со моите колеги музичката публика во Битола. Потоа се вработив во Скопје, но постојано размислувам што да направам за Битола. И заедно со Кирил се роди идејата за “Интерфест“. Дојдевме во Битола, кај Благој Стефановски – Баге му ја кажавме идејата. Баге ни помогна, ни најде спознори, помогнаа Силјан Мицевски, Велија Рамковски и Пеце Илиевски, но, со една молба да остане името “Интерфест“ кој беше од претходниот фестивал. Помогна и тогашниот министер за култура, Ѓунер Исмаил, исто така е од Битола и и започна приказната “Интерфест“, која еве трае 32 години, рече Милица Шперовиќ.-Мене ми замеруваа во Штип зошто во Битола, а не во мојот роден град, но тука имаше одлично сали за концерти и публика, додаде Кирил Рибарски, кој се потсети на тоа дека првиот фестивал бил направен за дваесетина дена, а првиот текст за фестивалот бил со наслов “Од овде, Битола, зборуваат вековите“.Една од темите на која се зборуваше вечерва беше посветена и за соработката со Трифун Костовски, кој го донираше пијаното “Безендорфер Гранд“, а тоа било вест која била примена со голема возбуда, а Кирил бил толку возбуден што и го бакнувал пијаното.Костовски со емoции зборуваше за донацијата на пијаното “Безендорфер Гранд“, а прво зборуваше за Битола:
-Јас сум горд за тоа што Милица и Кирил Рибарски направија фестивал кој не е само битолски, туку е македонски. А, за Битола ќе кажам: ако ја нема Битола ќе ја нема Македонија, а ако је немаше Битола ќе мораше да се измисли. Ова што го кажам ми се потврди и денес кога поминав само половина час на Широк Сокак, а тоа чувство е неопишиво, толку богато… Затоа бидете живи и здрави битолчани, вие сте нашиот замаец, во културата, во спортот… во вас има толку многу патина, држете го тоа во раце, а ние сме тука да помогнеме.Костовски за донацијата на пијаното “Безендорфер Гранд“ додаде:-Милица и Кирил го направија она што тука останува трајно, а тоа е “Интерфест“. Што се однсува пак до донацијата на пијаното “Безендорфер Гранд“ е по сугестија на мојот другар од детсвото, веќе 65 години, истакнатиот пијанист, професор на Академијата, Валери Стефановски, кој ми ги претстави Милица и Кирил како големи ентузијасти и треба да им помогнам, ако можам да им земам еден добар клавир. Така започна, па потоа се обративме до амбасадата на Австрија, која тогаш започна со отворање на австриска библиотека во Битола, и за брзо време дојде клавирот во Битола. За жал библиотеката не постои, но клавирот е тука. Клавирот е само повод, но често пати бев заедно со Милица и Кирил на “Интерфест“ како пријател. Македонија слави 32 години независност, а “Интерфест“ толку години постоење.За одржувањето и значењето на Мастеркласовите по пијано кои што се организираа во насока на едукација и усовршување на младите ученици, во разговорот покрај Шперовиќ-Рибарски, се вклучи и Кире Стојчевски актуелен директор на ДМУ.-Кога започна “Интерфест“ јас бев прва година средно образование. Од таа година, како расти фестивалот, растеме и ние уметниците во Битола. Иако може да звучи нескромно, ние како Државно средно училиште остануваме расадник на музички таленти. Многу ми е мило што нашите ученици за време на одржување на фестивалот се дел од него. Ги посетуваат одличните концерти, а се дел и од мастер часовите кои се организирани за време на одржување на “Интерфест“, а сето тоа има значајна улога во оформувањето на учениците. Исто така сме многу благодарни што голем број големи уметници издвоиле од своето скапоцено време и поминале во нашето училиште, со учениците. Јас знам што значи тоа бидејќи и јас како ученик сум се радувал на тие посети.Последниот дел од тематската вечер беше посветена на личниот професионален ангажман на брачниот пар Шперовиќ – Рибарски, кој пред публиката се потсетија на нивните безброј концерти низ светот, како биле пречекани, како настапувале…За време на вечерта “во позадина одеа“ звуците на класичната музика, а публиката слушаше одделни фрагменти на врвните уметници кои настапувале на овој фестивал низ годините наназад, а секако и видео запис на Милица и Кирил, кои ги подготви нивниот син Емил Рибарски.Модератор на вечерта беше Емилија Сарафска, член на МНД Битола.
Текст и фото: Сашо Ристевски