Денес, во Битола со полагање на цвеќе на споменикот на НОАВМ и револуционерната борба во Битола се одбележаа 82 години, од еден од најзначајните датуми од македонската историја, кога борците од НОБ го означија почетокот на народното востание за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор.
Градоначалникот Коњановски, испрати честитка до своите сограѓани и целиот македонски народ, нагласувајќи дека:
-Денешното чествување значи оддавање почит на една голема заложба на нашите предци, со која ги поставиле темелите на повеќевековниот стремеж за создавање сопствена држава. Нивниот историски придонес и денес ја потврдува нашата обврска и заложба за сплотеност, единство, зачувување на сопствениот идентитет и вредности и несебично вложување во градењето подобра иднина за сегашните и идните генерации, за Македонија. НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 11 ОКТОМВРИ, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање до граѓаните.
По тој повод, во чест на загинатите борци и херои кои ги дадоа своите животи за слободна и независна Македонија, кај споменикот на НОАВМ, пред Центарот за култура, свежо цвеќе положија и претставници од Советот на општината.
Цвеќе положија и претставници од политичките партии од Битола, ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателата на Унијата на жени во ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Во име на СДСМ, цвеќе положи претседателот на ОО на СДСМ од Битола – Драган Крајовски.

Одбележан 11. Октомври, Денот на Македонското народно востание во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Двојката“ влезе во завршница со +4, загуби со еден гол разлика во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер поразен во првото вечно дерби во Скопје
- Нова убедлива победа на младинците на Еурофарм Пелистер 2 (фотогалерија)
- Пораз на Пелистер од Битола од МЗТ на гостувањето во Скопје
- Народната банка презема мерка за заштита на имотот на Алта Банка АД Битола и интересите на штедачитеНародната банка презема мерка за заштита на имотот на Алта Банка АД Битола и интересите на штедачите





