Светскиот ден на менталното здравје Ротари Клубот Битола Широк Сокак и Ротаракт Клубот Битола Широк Сокак го одбележаа со настан на тема: „Моментот кога ќе одлучиш да бидеш среќен“.
Зад мотото дека менталното здравје е универзално човеково право, заедно со д-р Жарко Костиќ се дискутираше за личноста, ставовите, стравот, среќата, самодовербата. Овој настан овозможи отворено да се дискутира за проблемите поврзани со менталното здравје и што е потребно да се направи грижата за менталното здравје да стане реалност меѓу луѓето.
Целта на денешниот настан е да се подигне свеста за важноста на менталното здравје и да се подобри знаењето, да се подигне свеста и да се поттикнат акции кои го промовираат и штитат менталното здравје на сите. Менталното здравје е основно човеково право за сите луѓе. Секој, кој и да било и каде и да било има право на највисоки стандарди на менталното здравје.
Настанот беше поддржан од страна на Виола центарот за убавина и маркетинг агенцијата Нова Солушн. Ротари Клубот Битола Широк Сокак продолжува да работи на активности што обезбедуваат дека менталното здравје е вреднувано, промовирано и заштитено, преземајќи активности секој да може да го оствари своето човеково право.
Менталното здравје е подеднакво важно за секого, тоа е составен дел од благосостојбата, овозможувајќи им на луѓето да го остварат својот целокупен потенцијал, да покажат издржливост во услови на неволја, да бидат продуктивни и покрај стресните ситуации во секојдневниот живот, да формираат значајни односи и да придонесат во заедницата.

“Моментот кога ќе одлучиш да бидеш среќен“ предавање на д-р Жарко Костиќ во организација на Ротари и Ротаракт од Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: управувал возило иако имала забрана, приведување за дрога
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Денес, 10. седница на Советот на Општина Битола
- Во Битола сончево, температурата до 23 степени, од утре заладување
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола





