Вечерва, точно во 21 часот, Портата на Еврејските гробишта во Битола “светна“ во боите на Израел, односно на неа беше со светлосни ефекти “поставено“ знамето на Израел.
По тој повод универзитетскиот професор д-р Пеце Николовски од Битола рече:
-Во кординација со поранешниот амбасадор на државата Изреал во нашата земја, Дан Орјан, и нашата соограѓанка која што живее во Изреал, Шели Леви Друмер, Еврејска заедница на нашата држава и нејзиниот претседател Пепо Леви, денес на споменикот – Еврејските гробишта во нашиот град како по примерот на многу познати знаменитости од многу познати европски и светски метрополи го осветливме во боите на знамето на државата Изреал како еден симболичен гест на морална подршка за граѓаните на Изреал и додаде:
-Ние како битолчани ја имаме таа морална обврска со оглед на фактот што голем број на денешните граѓани на Изреал се потомци од 3.351 битолски евреи кој на 11 март 1943 беа депортирани во логорот Требника и врз нив беше извршен актот на геноцит, а сите тие многу придонесоа за денешниот културен економски и општествен изглед и развој на денешна Битола. Затоа со овај гест сакаме да им порачаме, дека ние граѓаните на Битола во овие тешки моменти за нив, сме со граѓаните на Изреал.

Фото вест: влезната порта на Еврејските гробишта во Битола во боите на Израел
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Двојката“ влезе во завршница со +4, загуби со еден гол разлика во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер поразен во првото вечно дерби во Скопје
- Нова убедлива победа на младинците на Еурофарм Пелистер 2 (фотогалерија)
- Пораз на Пелистер од Битола од МЗТ на гостувањето во Скопје
- Народната банка презема мерка за заштита на имотот на Алта Банка АД Битола и интересите на штедачитеНародната банка презема мерка за заштита на имотот на Алта Банка АД Битола и интересите на штедачите





