-14 ученици од четврта година од образовниот профил „Машински техничар за моторни возила“ предводени од одговорниот наставник Ѓеорги Ташковски ја проследија презентацијата на содржините на СН Сообраќен центар согласно со наставните програми и планови за средно стручно образование со кои е предвидена посета на Станица за технички преглед и Сервис за моторни возила.
Ученици од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ Битола во посета на СН Сообраќаен центар Битола имаа можност да се запознаат со работењето на една од најмодерните станици за технички преглед во земјата. Имено, 14 ученици од четврта година од образовниот профил „Машински техничар за моторни возила“ предводени од одговорниот наставник Ѓеорги Ташковски ја проследија презентацијата на содржините на СН Сообраќен центар согласно со наставните програми и планови за средно стручно образование со кои е предвидена посета на Станица за технички преглед и Сервис за моторни возила.
Во обиколка на СН Сообраќајниот центар ги водеше Благица Сековска, со што младите се запознаа со сите содржини и услуги кои ги нуди центарот. При тоа тие можеа да видат каде се регистрираат моторни возила и како се врши технички преглед на возилата, по што ги посетија и сервисот за автомобили и автопералната.Сековска истакна дека улогата на СН Сообраќајниот центар е да понудиме најефикасна услуга за комплетен технички преглед и регистрација на сите типови моторни возила.
-Нашата цел е возачите штом извршат технички преглед во СН Сообраќаен центар да бидат уверени дека нивното возило е проверено со најсовремена опрема и според највисоки стандарди. Наш највисок приоритет е безбедноста во сообраќајот. И токму затоа нашите тимови најпрофесионално, стручно и посветено секојдневно работат на тоа да испорачаат најквалитетна услуга за возачите во регионот, вели Сековска.
Таа посочи дека низ своето работење СН Сообраќајниот центар секој ден го потврдува својот бренд на двигател на мото–културата во битолскиот регион и од тука не случајно важи за синоним за квалитетна и ефикасна услуга во функција на поголема безбедност во сообраќајот.-Нашата улога е преку технички преглед на возилата по највисоки стандарди и со најсовремена опрема да обезбедиме потврда на исправноста на возилата и со тоа да дадеме придонес кон поголема безбедност во сообраќајот. Но, исто така нашата улога е и да ги едуцираме возачите дека покрај човечкиот фактор техничката исправност на возилото е клучен параметар за да се осигури поголема безбедност во сообраќајот. Сите анализи покажуваат дека техничката неисправност на возилата е најчеста причина за сообраќајни незгоди. Навремените и редовни проверки на возилата се од клучно значење за безбедноста во сообраќајот. Одговорниот однос кон прашањето на исправоста на возилото е одговорност на секој сопственик на возило и учесник во сообраќајот и затоа треба да биде највисок приоритет, рече Сековска.
Меѓу другото, истакна Сековска, во СН Сообраќајниот центар се врши и хомологација, издавање меѓународни патни документи, тахографски картички, ЦЕМТ, А-тест од сите типови, како и потврда за исполнување на техничко-експлоатациони услови (ПТЕУ).
Средношколците се запознаа и со услугите кои ги нуди СН Осигурителен Брокер АД Битола, кој функционира во состав на комплексот на СН Сообраќајниот центар во Битола. Имено, тука граѓаните можат брзо и ефикасно да ги набават сите типови осигурување. Возачите тука можат да набават зелен картон, кој што им е потребен за патување во странство, каско осигурување за возилото, како и меѓународна возачка дозвола. Сековска додаде дека СН Групацијата во рамките на стратегијата за општествена одговорност во континуитет ги поддржува иницијативите од образованието, како особено значајни за унапредување на условите во локалната заедница. Таа го поздрави изборот на младите посетители што одлучиле да се школуваат во насоката Машински техничар за моторни возила, бидејќи рече дека од клучно значење за поголема безбедност во сообраќајот е исто така и постоењето на професионален стручен кадар за технички преглед на моторни возила, како и на другите работни позиции во областа на станиците за технички преглед и сервисите за моторни возила.