Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно, попладне со врнежи од дожд

Денес, петок, 3 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд. Температурата во Битола до 24 степени.

Утре, сабота, 4 ноември, во Битола времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 15 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »