Денес во Офицерски дом во Битола се одржа на настанот за подигнување на јавната свест за противпожарна заштита и заштита од поплави кој што Универзитетот “Св. Климент Охридски“ до Битола го реализира во рамките на проектот: Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – SOLVE.Беа презентирани и достигнувањата и активностите кој што Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги реализира во рамките на истоимениот проект.Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион е партнер во имплементацијата на проектот СОЛВЕ кој што претставува надополнување на претходно реализираните проекти и продолжување на заложбите на ЦРППР за унапредување на капацитетите на регионот во овој сегмент.Присутните ги поздрави ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски и зборуваше за самиот проект и целите на проектот.На настанот директорот Јосиф Балтов во своето уводно обраќање ја нагласи и важноста на соработката помеѓу сите чинители во регионот за унапредувањето на системот за заштита од непогоди предизвикани од природен и човечки фактор.На настанот зборуваа проф. д-р Билјана Граматковски: Култура на цивилна заштита – обука на заедницата за справување со ризици од поплави (Проценка на ризици и справување со поплави – Пелагониски регион), вонр. проф. д-р Татјана Блажевска: Промовирање на прирачникот “Култура на цивилна заштита – обука на заедницата за справување со ризици од поплави“ и проф. д-р Милорад Јовановски: Справување со поплави и свлечишта.
Завршена конференција на проектот: Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – SOLVE (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)