Денеска полициските службеници на целото подрачје на СВР Битола, денеска ги отворија вратите за најмладите и им одржаа предавање во делот на сообраќајот како и им ја прикажаа и опремата која ја користат.
Имено, во соработка и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ по завршувањето на обуката на првите инспектори за превенција, при доделување на сертификати за нивна стручност во оваа област на 9 декември 2008 година, истиот ден е прогласен за Денот на превентивната работа на полицијата.
-Во соработка со заедницата со вклучување во сите активности, заедно станавме препознатливи преку многу проекти кои имаат за цел, а тоа го покажува и статистиката – намалување на криминалот, зачувување на јавниот ред и мир, зголемување на безбедноста во сообраќајот, за сите возрасти и категории на граѓани во оваа наша заедница, велат од СВР Битола.

Oдбележан Денот на превенцијата, најмалите битолчани гости во СВР Битола
More from ВестиMore posts in Вести »





