Во просториите на Високата медицинска школа од Битола, оваа значајна високо образовна инстиртуција пригодно чествуваше за јубилејот -три и пол децении едукација на здравствени работници.
За значењето на Високата медицинска школа – Битола и нејзината хумано детерминирана мисија, директорката, проф. д-р Тања Јовановска, посочи дека, Школата денес подготвува стручен кадар што напредува во компетенциите, чија вештина, извежбаност и упатеност гарантираат добра основа за успех, во секој од специфичните сегменти на здравствената професија, по принципот на развиените земји.
Ректорот проф. д-р Игор Неделковски честитајќи ги успесите: 4000 дипломирани на прв и 24о здравствени работници на специјалистичките студии, ја нагласи преференцата – Школата да прерасне во академска институција.
Во рамки на пригодата, промовирана е новата генерација завршени кадри на специјалистичките студии и воедно, акцентирано е сестринството како важен сегмент поврзан со местото, улогата и идентитетот на Високата медицинска школа, особено затоа што од 2012 г. ВМШ е прва и единствена членка од Република Северна Македонија партиципиент во уважената меѓународна организација, Европската сестринска мрежа, што отвора бројни можности за размена на кадар и студенти и овозможува споделување на искуства во градење професионален кадар.
По повод јубилејот, Високата медицинска школа потпиша меморандуми за соработка со ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ Битола, и ПЗУ Болница „Плодност“, како резултат на природната поврзаност и кооперативност со овие институции.
Високата медицинска школа на свечениот настан додели благодарници за долгогодишна и успешна соработка на установи, институции и поединци, за придонесот во основањето и развојот на Школата и унапредувањето на здравствената дејност и особено за создавање морален и етички лик на здравствените работници.

Високата медицинска школа од Битола одбележа значаен јубилеј, 35 години постоење (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер





