Press "Enter" to skip to content

“BV Business Group“ со проекција на филмот ”Волшебната круша” и средба со Дедо мраз го најави доаѓањето на Новата 2024 (фотогалерија)

Во саботата, на 16-ти декември од 11 часот во просториите на кино “Манаки“ на Широк Сокак во нашиот град, “BV Business Group“ го најави доаѓањето на Новата 2024 година, со забава за децата на вработените.Настанот започна со кратка програма, по што следуваше проекција на филмот ”Волшебната круша”, а локацијата за прославата, неслучајно беше избрана како дел од историјата на филмската уметност во Битола.По точно 102 години од првата проекција во кино бавчата на “Браќа Манаки“, киното Манаки на Широк Сокак, на 4 ноември оваа година, на денот на нашиот град, започна со редовен филмски репертоар.Потоа следуваше средба со Дедо мраз и делење на новогодишните пакетчиња.“BV Business Group“, секогаш акцентот го става на вработените и нивните семејства, па оттаму и оваа прослава, каде приритет беа децата, кои можеби еден ден ќе бидат дел од новите генерации кои доаѓаат во компанија со визија каква што е “BV Business Group“.