Традиционално Унијата на жени при ВМРО-ДПМНЕ од Битола по повод новогодишните и божикните празници ги посетува ранливите категории. Оваа година Унијата на жени на ВМРО-ДПММНЕ од Битола во рамки на хуманитарната акција заедно со Дедо Мраз ги посети дечињата од ранливите категии кои живеат во Баирот и им подели новогодишни подароци.
-Во населбата Баир искрени детски насмевки и радост за заеднички да ја доживееме новогодишната магија и празниците што следат. Среќна Нова 2024 година, порачаа од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.
На хуманитарната акција на Унијата на жени им се приклучија пратеничката Олга Лазановска, Унијата на млади сили, Унијата на ветерани и секако ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.