Press "Enter" to skip to content

Козметичкиот салон “UNA NOVA“ со нов промотивен  пакет третмани за лице со лифтинг ефект и сјајна кожа

Тимот на “UNA NOVA“ повторно пријатно ги  изненадува своите клиенти со промоција на различни третмани со  прилагодени цени, при што тие можат да се запознаат со нивните  третмани за лице и тело со најмодерни апарати во светот на козметологијата. Со овие промоции ние сакаме биточанки да се запознаат со третманите за лифтинг ефект кои се прават со  најнови апарати,  а со цента достапни за нив.

Тоа се:   дијамантска дермобразија, магична ракавица и нехирушки лифтинг.  Промотивниот пакет на овие 3 третмани за лице изнесува 1.500 денари кој е намален од 3.600 денари во наредните неколку недели и се прават по договор со клиентот, ни изјави Анкица Стевановска менаџер во салонот на  “UNA NOVA“ и продожи:

-После летниот период потребна е посебна нега на лицето кое заради топлото време и изложеноста на сонце ја губи хидратацијата, а со тоа и еластичноста. Заради тоа кожата на лицето може да се чувствува како сува и без сјај.  Со нашиот промотивен пакет од трите третмани покрај лифтинг ефект, се намалуваат проширените пори, се стимулира колагенот, се зголемуава хидратзацијата, еластичноста и регенерацијата на кожата. Секој третман пооделно има различно дејство и резултати.Микродермоабразијата е еден од најпопуларните третмани во светот за блескав тен и чистота на лицето. Се работи за безболна терапија каде со помош на дијамантски прстени се врши пилинг на кожата и со тоа се постигнува нејзино интензивно обновување. На тој начин се зголемува отпорноста на кожата и се постигнуваат одлични резултати во борба против митесери, лузни од акни и изразени брчки.

Дијамантската микродермоабразија е механичко отстранување на површинските изумрени слоеви на кожата, со помош на сонда со дијамантска глава и вакум, при што во исто време се врши и вакум масажа која допринесува за подобро чистење на лицето, подобрување на циркулацијата и лимфна дренажа. Се постигнува раст на нови клетки во базалниот слој на кожата.

Овој циклус трае 2 недели, а во зрелите години се успорува, па треба да се забрза. Кај млади со масна кожа не доаѓа до редовно луштење на старите клеткии затоа тие се склони према акни. Затоа овој третман се препорачува и кај млади и кај зрели кожи. Микродермоабразијата е идеален пилинг. Допринесува кожата да се обнови на следниот начин:

-Ги смалува старечките пеги (хиперпигментации) и малите брчки

-Ги намалува проширените пори. Стимулира создавање на нов колаген

-Го подобрува тонусот и текстурата на кожата.

Третманот со магична ракавица е безболен третман кој го враќа младешкиот изглед на вашето лице. По само еден третман со магичната ракавица, еластичноста на кожата и циркулацијата на крвта се зголемуваат за повеќе од 40%.  

Нехируршки лифтинг е најнов третман за лице, чии резултати се  регенерација и освежување на кожата, зголемување на способноста на мускулите за 100% и гарантирано подмладување. Овој третман е во облик на лифтинг-маска, која делува на сите типови кожа. Но, маската не делува само на површинскиот дел на кожата, туку и на малите мускулни делови на лицето. Освен лифтингот на лице, тука е и лифтингот на областа околу очите, кој ги отстранува подочниците, брчките и отоците околу очите, оставајќи убав и свеж изглед. Ги затега опуштените мускули, ја корегира и мазни опуштената кожа, ја стимулира циркулацијата а со тоа и го спречува сушењето на кожата. Го подобрува кожното ткиво, ги намалува лузните предизвикани од акни, ги намалува дамките, ја подобрува сувата, дехидрирана кожа, како и масната и проблематична кожа. Ги редуцира брчките, ги намалува линиите околу устата, ги повлекува очните отоци и ги дренира синусите.