Press "Enter" to skip to content

СН Осигурителен брокер АД Битола со поддршка за младите музички таленти

-Под мотото „28 години пееме заедно“ СИ ДО звездичките на голем музички концерт собраа огромен број вљубеници на детската музика и покажаа дека детската песна е бесценета.

Младите музички таленти заслужуваат вистинска поддршка која ќе им овозможи да се усовршат во светот на музиката и оние кои се навистина талентирани да имаат добри услови да градат музичка кариера. Ова го истакнуваат од СН Осигурителен Брокер АД Битола, општествено одговорна компанија која и оваа година обезбеди поддршка за детскиот музички фестивал „СИ ДО“.

Под мотото „28 години пееме заедно“ СИ ДО звездичките на голем музички концерт собраа огромен број вљубеници на детската музика и покажаа дека детската песна е бесценета, исполнета е со најубавите детски желби и соништа, кои кога би се отствариле светот би станал поубаво место за живеење.Токму ваква позитивна енергија испратија 20 солисти од сцената на Центарот за култура во Битола на 9 април. Освен што обезбеди поддршка за организацијата на фестивалот од страна на Здружението на граѓани од областа на културата “Промедиа Битола“, СН Осигурителен брокер младите пејачи ги награди и со пакетчиња со школски прибор со цел да ги мотивира да останат посветени во процесот на својата едукација и постојано напредување.

-Фестивалот СИ ДО е музички симбол на Битола. Тоа што интересот за овој фестивал е толку голем покажува дека станува збор за вистински вредности, во чиј дух сакаме да бидат воспитувани идните генерации. Фестивалот се наближува кон тоа да ја заокружи својата трета деценија и особена чест и задоволство ни е што веќе со години сме партнери и поддржувачи на фестивалот кој ја афирмира детската песна не само во земјата, туку ширум светот, посочуваат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Фестивалот кој го носи името „СИ-ДО“ во чест на познатиот композитор Петар Сидовски успешно ја исполнува мисијата да биде двигател на македонската музичка сцена и да им даде поткрепа на младите таленти на почетокот на нивната музичка кариера.