Press "Enter" to skip to content

Одржана работилница “ОД ВМРЕЖУВАЊЕ КОН ПАРТНЕРСТВО” на УКЛО Битола (фото)

Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола како член на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС – COLOURS European University Alliance започна со ефективно развивање партнерства со опкружувањето. Меѓу првите чекори е поврзување со граѓанскиот сектор со чии претставници УКЛО Битола одржа работилница на тема „ОД ВМРЕЖУВАЊЕ КОН
ПАРТНЕРСТВО”.Своите co-space активности УКЛО КОЛОРС ги започна со граѓанскиот сектор за што ректорот, проф. д-р Игор Неделковски истакна дека на овој начин, УКЛО, како дел од Алијансата дејствува во правец на втемелување на институционална соработката. Тој најави дека средиште на новиот колаборативен простор ќе биде Студентскиот информативен центар и ќе овозможи реално поврзување на Универзитетот со заедницата.-Ќе има многу вакви настани, денеска имаме прв состанок со невладиниот сектор ворамките на нашиот т.н.co-shared простор, во англиската терминологија, ние го преведувмеколаборативен простор којшто веднаш по летните одмори ќе започне да функционира тука во близина на салата на Сенатот на нашиот Студентски информативен центар и кој простор е наменет, ако можам така да кажам за секој добронамерник. Да не мора Универзитетот да биде одвоен од заедницата во која делува. Туку буквално да не го чувствуваат граѓаните како некоја институција кадешто треба да се најавите. Тоа ќе биде мултифункционален простор, било која невладина организација, било кој бизнис, било кој јавен орган на државната или на локалната управа било кој граѓанин за се што има потреба од соработка со професори, со студенти, ангажирање на студенти во нивните активности или проекти да има едно место во кое ќе дојде да разговара со професорите и студентите кои ќе го водат тој простор, тој ќе биде управуван од самите студенти и фактички ќе биде врата за, како шо реков, секој добронамерник да оствари контакт со Универзитетот. Ова е институционална соработка.-Ова е новина која ние ја научивме од функционирањето на нашите партнери од КОЛОРС Алијансата, кадешто се отворени кон заедницата и кадешто секоја, во случајов денеска невладина организација, утре било која фирма без разлика дали е фирма со еден вработен или со илјада вработени, да може да ги каже своите потреби, да не лута и бара поединци, да ја одбиваат понекога, туку веднаш да му биде кажано може тука да им помогнеме или не може. И второ, во тој простор што се реконструира, да се има место да се остваруваат состаноци со студенти, професори, работилници, без надомест нормално, да се користи просторот за соработка и со студентите и со професорите, додаде Неделковски.Презентирање на идејата за остварлива и конкретна соработка со граѓанските организации на едно повисоко ниво што овозможува силен взаемен бенефит и бенефит за заедницата на која Универзитетот треба да и служи, изложи и проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска. Таа укажува на значењето на новиот Правилник за вреднување на воннаставните активности на студентите на УКЛО, единствен на државните универзитети што нуди можности за засилено вклучување на студентите во проектни и други активности со граѓанскиот сектор.Академскиот раководител на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Рената Петревска- Нечкоска ја нагласува насушноста на спојот меѓу универзитетот и невладиниот сектор, како неминовни нишки во едно исто платно. Посебно потенцира дека соработката треба да биде функционална, со доближување и совпаѓање на проблемите и заедничките потреби: за градот, регионот, државата и преку КОЛОРС пошироко, на европско ниво.-Нашата интенција, особено со европската универзитетска алијанса КОЛОРС е заедно да го издигнуваме тоа ткиво на напредок и, како што често, ќе видат и нашите граѓани, сограѓани, често ќе ги споменуваме четирите хеликси- еден од нив е граѓанскиот сектор. Во чекорите да се доближиме, да направиме траекторија на соработка којашто е функционална, не е спорадична, не е индивидуална или со директни конекции, туку баш омасовена. Потребни се вакви моменти на доближување и совпаѓање на потребите, на проблемите и како тие да се надминат за да може да резултираме со една проодна траекторија на соработка. И таа да трае. Како што кажуваме секогаш, тоа што го правиме за нашиот град, регион, и држава, овојпат со граѓанскиот сектор и истото го издигнуваме со Алијансата на европско ниво и, тоа е нашата визија, тоа ќе го повторуваме секогаш.Координиран од проф. д-р Мимоза Богданоска Јовановска, раководител на CO- SPACE центарот УКЛО КОЛОРС, работниот дел опфати сесија „Бура на идеи“ за идентификација на потенцијална соработка, начини на нејзина формализација, тимови за развој на стратегија, тактика и оператива, со што е постигната потребната ефикасност за реализација на конкретни теми. Таа афирмира дека на овој начин се продлабочува врската на УКЛО со граѓанскиот сектор преку заедничкиот спој – студентите, чие оформување како личности се комплетира меѓу другото низ аспектот на општествено делување.-Она што значи соработка која и пред појавата на проектот КОЛОРС и пред појавата , одржувањето на денешниот настан се случуваше, тоа значи случувања кои се на индивидуално ниво. Професорите често биле ангажирани и сме ангажирани од граѓанскиот сектор, значи таа соработка постои, дел од организациите добиваат волонтери или ангажираат студенти, таа соработка е започната има меморандуми потпишани во рамките на УКЛО мрежата којашто последните две години се случува, меѓутоа, идејата е сега сето тоа да го официјализираме и да го подигнеме на малку повисоко ниво, а тоа би значело дека во иднина би произлегла и стратегија којашто во еден подолг временски период ќе ги даде рамките на таа соработка и наместо да одиме на индивидуално ниво, постепено тоа да се издигне на едно институционално ниво, не само од страна на Универзитетот како што тоа го правиме досега подолг временски период туку и од страна на граѓанските организации. Имаме заеднички спој којшто е причина зошто сме денеска тука, а тоа се студентите.Студентот низ процесот на универзитетско едуцирање добива сознание за профилот за којшто се гради, добива диплома којашто потоа е основа за тој да биде вработен. Меѓутоа една комплетна млада личност подразбира едукација и оформување како личност од повеќе аспекти. Еден од нив е токму аспектот поврзан со граѓанскиот сектор, организациските вештини, комуникациските вештини, вештините за креирање проекти се нешто без коешто еден млад човек денеска неможе да функционира. Токму тоа е целта, заедничката точка за којашто денеска сме тука, да ја формираме, да ја конкретизираме и на некој начин да отвориме простор тоа да ни биде идната соработка на којшто заедно ќе работиме“.Инаку, од неодамна, УКЛО е првиот македонски универзитет вклучен во Европската универзитетска алијанса COLOURS која трасира пат за трансформација на универзитетите и регионите во нејзиниот состав, и покрај во нашата, е претставена во уште осум европски земји: Италија,Германија, Шведска, Шпанија, Хрватска, Полска,Франција и Латвија.Методологијата на трансформација се темели на отворање на универзитетите и отпочнување и зајакнување на соработката на универзитетот со бизнис заедницата, граѓанскиот сектор и државата по принципот на четири хеликси: академија, влада – национална и локална, бизниси, граѓанско општество.Еден од главните почетни предизвици е вклучувањето на стејкхолдери од хеликсите во активностите на УКЛО во правец на регионален и државен напредок, така што, заедничките активности покрај локална и регионална, ќе опфатат можни учесници за креативни постигнувања и од европската публика.

 

More from ВестиMore posts in Вести »