Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сообраќајка помеѓу “ауди“ и “хонда“ тешко повредени две лица, физички напад

На 30.07.2024 во 21.24 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дански национални ознаки, управувано од 21 годишно лице од Данска и патничко возило „хонда“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 38 годишник од село Бистрица, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на “хондата“ и неговата сопатничка на возрастод 60 години од село Бистрица, додека со телесни повреди се здобил возачот на “аудито“ констатирани во  Клиничка болница Битола. Во несреќата било оштетено и паркирано возило „опел“  без регистарски ознаки. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.  

На 30.07.2024 во СВР Битола, Ѓ.П.А. (41)  од Битола пријавил дека во Градскиот пазар во Битола бил физички нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »