Во магичниот амбиент под отворено неби, Ротари клуб Битола, организира концерт каде избран репертоар на музика поврзана со Њу Јорк ќе биде отсвирена во живо од 14 реномирани музичари:
-Магдалена Крстевска – кларинет
-Марјан Бакревски – саксофон
-Симон Поповски – виолина
-Иван Наумовски – глас
-Ангела Димковска
-Валентин Наумов
-Владимир Цветковски
-Марија Јанчулеска
-Милена Марковска
-Марио Робе
-Дејан Арсиќ
-Владимир Димовски
-Дејан Цветковски
-Коста Стеваноски
-Доминика Робе Поповска
-Дамјан Груевски.
Овој посебен концерт се организира со посебна цел: ДОНИРАМЕ за ЗЕЛЕНА БИТОЛА!
Влезниците за концертот New York во Битола се веќе во продажба на: kupikarizase.com и во Brothers Tobaco.
“За Зелена Битола“ е иницијатива на Ротари клуб Битола со цел да придонесе во креирање на чиста и зелена Битола и подобрување на целокупниот квалитет на животната средина на градот преку промоција на одржливи практики и вклучување на заедницата во сферата на екологијата.

Ротари веќе започна со 3 проекти од иницијативата ,,За Зелена Битола”:
-Урбанистичко и сообраќајно решение за затворање на центарот на Битола за сообраќај.
-Јавен превоз за зелена Битола (изработка на апликација за следење на движењето на автобуси на јавниот градски превоз на одредени линии).
-Изработка и поставување на сензори за мерење на воздушното загадување во Битола и околината.






