Press "Enter" to skip to content

Со просечна оценка 10, дипломирале, наградените Маја Веловска и Деспина Звездакоска

По повод одбележување на патрониот празик на УКЛО “Св. Климент Охридски“ беа доделени пофалници за најдобрите студенти од сите факултети кои дипломираа со висок просек. Во наградените има двајца студенти кои дипломирале со просечна оценка 10, а тоа се:

– МАЈА ВЕЛКОВСКА, од Технолошко-технички факултет-Велес, и

-ДЕСПИНА ЗВЕЗДАКОСКА, од Економскиот факултет- Прилеп.

На списокот на најдобрите студенти на УКЛО кои дипломирале во академската 2016/17 година се наоѓаат уште:

-ИВАН ТАНСКИ, од Високата медицинска школа-Битола, просечна оценка на дипломирање 8,70,

-ДИЈАНА ДЕЈАНОСКА, од Правниот факултет-Кичево, просечна оценка на дипломирање 9,31,

-ДАНИЕЛ ЕВТИМОВСКИ, Факултет за информатички и комуникациски технологии -Битола, со просек 9,59,

-ЦВЕТАНКА СТОЈАНОВСКА, Ветеринарен факултет-Битола, просечна оценка на дипломирање 9,62,

-ИВАНА ДИМИТРОВСКА, Факултет за биотехнички науки-Битола, просечна оценка на дипломирање 9,67,

-МАКЕДОНКА СПАСИЌ, Факултет за безбедност-Скопје, просечна оценка на дипломирање 9,68,

-ИВАНА ВЕЛЕВСКА, Технички факултет-Битола, просечна оценка на дипломирање 9,77,

-МАРИЈА СТОЈАНОСКА, Педагошки факултет-Битола, просечна оценка на дипломирање 9,95,

-РАДМИЛА МАТЕСКА, Факултет за туризам и угостителство-Охрид, просечна оценка на дипломирање 9,97.

Покрај пофалниците за најдобрите студенти на Свечената академија награди по распишаниот награден конкурс на Универзитетот „Св. Климент Охридски“  – Битола, за најдобар истражувачки труд и есеј, наградени истражувачки трудови се:

-Прва награда: „ЗАМЕНА НА ПОСТОЕЧКИТЕ ACSR СО НОВИ ACCC СПРОВОДНИЦИ ВО 400 KV МРЕЖА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА “, шифра 324929 , Филип Лазоски,  Технички факултет – Битола.

-Втора награда:“WEB САЈТ СО СОДРЖИНИ ЗА ЦЕЛОСНО ОПРЕМУВАЊЕ НА ДОМОТ ПОТКРЕПЕН СО RSS ТЕХНОЛОГИЈА“,  шифра:  Ressler,  Михаела Огненовска, Економски факултет – Прилеп.

-Трета награда: „ТЕХНИЧКО – ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА НА ВЕЦ ПЕЛИСТЕР И АНАЛИЗА НА НЕЈЗИНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕЕС НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, шифра: 9.51, Игор Стерјовски, Технички факултет – Битола.

Наградите за нагладени есеи добија:

-Втора награда:  “ПОВЕЌЕ ВНИМАНИЕ ВЕ МОЛАМ! СТУДЕНТИТЕ ЗА ЗЕЛЕНА ИДНИНА, ЗА НАС СЕ РАБОТИ! шифра Еурека, од Ања Црнец, Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола.

-Трета награда: „ОНОЈ КОЈ ЕКОЛОГИЈАТА ЈА СТАВА ПОД СТАПАЛОТО, ТРАГАТА МУ МИРИСА НА НЕЧОВЕЧНОСТ!“ шифра К-13, Кристина Станковиќ, Факултет за безбедност – Скопје, а прва награда не беше доделена.

На наградените учесници на Конкурсот во категориите истражувачки труд и есеј им беа доделени дипломи и парични награди.

More from ВестиMore posts in Вести »