Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: дивертикулум и дивертикулитис на колон

Од д-р Васил Чипуровски  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  д-р Васил Чипуровски зборуваше за дивертикулум и дивертикулитис на колон, за што вели:

-Постојат вродени дивертикули каде има хернијација (проширување) на целиот ѕид на цревото низ хернијален отвор и стекнати дивертикули каде има хернијација на слузницата низ мускуларниот слој на ѕидот на цревото каде е влезот на нутритивната артерија. Има дивертикули на тенко црево, на дебело црево кои се најчести во сигмоидалнара регија поретко проксимален колон а и ги има и на мочното ќесе итн.

Дивертикулумите на дебелото црево зачестуваат со возраста над 50 години со инциденца од 20-50%. Точниот механизам на настанување не е познат но се смета дека улога има зголемениот интраабдоминален притисок и слабост во цревниот ѕид, примена на високо рафинираните продукти во исхраната со редукција на перисталтика и забавена цревна пасажа и зголемување на интралуминалниот притисок ја зголемува фреквенцијата на појава на Дивертикулум во високо развиените држави.

Клиничката презентација е асимптоматска најчесто можна е и појава на абдоминална болка и крв во измет при дивертикулитис како компликација, Ехографијата на абдоменот е дијагностичка скрининг метода во која се гледа дивертикулумот како светло ехогено проширување на ѕидот на колонот со акустична сенка под него, златен стандард во потврдување на дијагнозата е колоноскопијата.

Најчеста компликација на дивертикулозата на дебело црево е дивертикулитис воспаление во или околу дивертикулумот. Дивертикулитисот настанува од задржа на стврдната недигестирана храна-фекалит богата на бактерии која го иритира инфламира тенкиот ѕид на дивертикулумот со формирање на локален абсцес или генерализирани перитонитис. Златен стандард во дијагнозата на дивертикулитис е контрасна К.Т која се прави после примена на терапија со парентерална храна, хоспитализација и примена на системски антибиотици, во случаи на компликации како перфорација и перитонитис и абсцеси има потреба од хируршка интервенција ресекција и дренажа.

More from СоветиMore posts in Совети »