Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени

Денес, понеделник, 16 септември во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола до 19 степени.

Утре, вторник, 17 септември во Битола времето ќе биде наутро посвежо, преку денот променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер југоисточен правец. Температурата во Битола до 21 степен.