Press "Enter" to skip to content

Бељотчии од Битола ја одржаа 801 вечер за карти, играат секој четврток од 2001 година, рекорд за Гинис (фотогалерија)

-Се започна во 2001 година сосема случајно, а ете тоа трае веќе 23 години, а истите луѓе иимаме одиграно бељот 800 четвртоци, а вечерва ја играме 801 вечер.

-Јубилеј поврзан со бељотот, се игра до 1001, а ние не застануваме се до 1001 вечер, порачуваа бељитчиите.Вака започна разговорот со Сашко Павловски, кај него во Ниже Поле, каде се одигра 801 бељотска вечер, еден од виновниците за овој, сигурно единствен рекорд во Битола, исто друштво да игра карти 23 години, секој четврток, и тоа да се игра со истиот жар.-Традицијата започна во 2001 годин, идејата е моја и на моите пријатели, а за почеток има една приказна. Андреј тогаш се научи да игра бељот, на 30 години, а го учевме во Грција. Тој беше главен иницијатор за играње и викаше како во кошарката: “тоа е играта“, многу одушевен од бељотот. Сите ние игравме бељот, но не со таков жар и толку често, а тој го внесе тоа што ни недостигаше. Започнавме да се собираме на почетокот помалку другари, по четворица, јас, Андреј, Љубиша и Зоцо. Потоа и останатите другари, иако во прво време не критикуваа, и ни велеа, имате време отповеќе. Но, полека се приклучуваа, и одвај чекаа да дојде четврток, а сега сме ние што сме. За да нема расправии се игра на две маси, со жребка се одбираат паровите, така започнува секој четврток. Се игра на “две добиени“ кој пар губи станува, седнуваат другите, и така 23 години, вели Сашко Павловски.Бељотчиите имаат распоред за цела сезона која почнува по летните одмори. Се прави распоред кај кого, кој четврток ќе се игра, кој е домаќин, а синоќа, кај Сашко, се направи распоредот до Нова Година.-Играме секој четврток по распоред, има прекин за Нова година, Божик и Василица. Секој си го планира домаќинлукот, а тој си одбира каде, дали дома или надвор, и како ќе не пречека. Си плаќаме сите поединечно без разлика каде играме. Во лето не играме по распоред, се игра помалку, по договор, вели Павловски, а за жарот во играњето додава:-Не играме по нешто, по пиво, по частење, или пак по пари. Ние играме за утрешниот ден, кој прв ќе се јави кај друг, секако победниците, да прашаат како поминаа поразените, вчера на карти. Има предизвик секој четврток, има нервози, кавги, некогаш и тешки, а има и лажење во бељотот, но дружењето и спомените кои некогаш си ги правиме и со песна до зори, ќе ни останат во сеќавањата. А, што е најважно, не се правиме пишман дека ова сме го правеле 23 години и се уште го правиме.Што се однесува пак до домашните велат дека немаат проблем, си знаат сите за во четврток. Нема роднини, нема гости, нема одење на митинзи во четврток, нема спорт, ретки се откажувањата.

-Немаше ни дефекти во четврток во “Нискоградба“ вели Волкот, алидирајќи на Методија Силјановски, поранешен директор во “Нискоградба“.

-На кампања не одиме во четврток, нема ни митинзи во четврток и веење знамиња, му возвраќа Силјановски.Сите жалат дека се помалку млади битолчани играат бељот и ја разбираат оваа битолска игра, но се надева дека повозрасните ќе најдат начин да ги научат младите бељот, игра по која е препознатлива Битола.-Јас сум професор во Техничко училиште и по некоја логика нашите ученици треба  да играат најмногу. Но, кога ќе ги прашам дали играат бељот не кажуваат дека играат, ретко некој. Мене не ми годи тоа, но такви се времињата, се менуваат. Инаку сум среќен што сум член на оваа друштво од почетокот. Се надевам дека ќе не чува здравјето и ќе играме до 1001 вечер – утакмица, вели Андреј, професот во Техничкото.-Сега не е проблем дома кога одиме на карти, сега е проблем ако нешто се случи, а да не играме. Тогаш е загриженоста, да не се има случено нешто, додава Сашо од “Мегасофт“.Рекордерите за Гинис се: Сашко Павловски, електо инженер – “Телеком“, Зоран Алгеловски – електро инженер  соптвеник на “Дител аларм“, Андреја Ралевски – електро инженер професот во Техничко, Љубиша Чашевски – градежен инженер- директор во “Монтинг“, Зоран Богоевски – градежен инженер, надзор, Горан Николовски – технолог, сопстевник на “Макотехна“, Горан Савевски – факултет за ОНО, раководител во “Водовод“, Зоран Илиевски – факултет за безбедност, началник на  државна безбеднст, Сашо Јовевски, електо инженер, сопстевник на “Мегасофт“, Влатко Илиевски – електро инженер, раководител во “Водовод“, и Методија Силјановски – градежен инженер, технички директор во “БВ Инжеринг“.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »