Press "Enter" to skip to content

Отворено 11. издание на Меѓународното графичко триенале – Битола 2024 (фото)

Во Офицерскиот дом во Битола, синоќа беше отворено 11. издание на Меѓународното графичко триенале – Битола 2024, една од најзначајните ликовно – графички манифестации во Македонија, но и пошироко, која има за цел да го популаризира и промовира современото графичко ликовно творештво.На отворањето обраќања имаа градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, Неговата Екселенција, Амбасадорот на Аргентина, Алехандро Мајер, како и уметничкиот директор на Графичкото Триенале, ликовниот критичар Владо Ѓоревски.Градоначалникот Тони Коњановски во своето обраќање истакна дека во Битола се одржува уште еден значаен културен настан кој придонесува за промоција на Битола во светски рамки.-Тоа го потврдуваат и бројките кои говорат за значајноста на ова 11. Меѓународното графичко триенале на кое имаме околу 800 учесници од 145 држави, а од денес до крајот на февруари ова културно творештво ќе допре до најоддалечните точки, имајќи предвид и дека светскиот графички центар „Интерграфика“ од Полска, нашето Графичко триенале го вбројува меѓу десетте најзначајни манифестации во светски рамки. Поврзувањето и соработката кои се остваруваат на овој начин, претставуваат одлична можност и да се откријат технолошки иновации во дигиталниот пристап на создавање и техничка примена, а истовремено да се почувствува инвентивноста, современоста и инспиративноста на развојот на дизајнот и визуелната култура. Моќта пак на графичката уметност лежи во нејзината способност да комуницира, инспирира и предизвикува мисла, што ја прави витален дел од современата култура и општество.Неговата Екселенција, Амбасадорот на Аргентина, Алехандро Мајер, се обрати кон присутните, а потоа по повод доделувањето на „Гранд При“ наградата на аргентинскиот графички уметник Леонардо Готлиб, се отвори и изложба.-Ако некогашната важност и виталност на Хераклеа Линкестис, а подоцна и на Битола, уште од дамнешно време се должела на нејзината важна местоположба која преку Via Egnatia претставува крстосница на цивилизациите, денеска таа „заслуга“ и припаѓа на културата и уметноста. Офицерски дом кој самиот по себе е дел од градителската уметност, благодарение на 11-то издание на Меѓународното графичко тријанале-Битола 2024 е центар на светската графичка уметност, рече Владо Ѓоревски.На овогодинешното издание на Графичкото тријанале беа пријавени над 800 дела на автори од 11 земји од светот. Изложбата може да се посети наредните денови во Свечената сала на Офицерскиот дом КИЦ Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »