Press "Enter" to skip to content

Ајтен “De Luxe“ – вистински  уметник во професионална шминка и сопственичка на пaрфимерија “Dе Luxe“ (фотогалерија)

-Во мноштво на течни пудери, хајлајтери, сенки и бои уметност  е да се изберат правите за перфектно нашминкано лице – “Make up is a science“.Парфимеријата “Dе Luxe“ се наоѓа во Стaрата чаршија и веднаш паѓа в очи по убаво уредениот излог и местоположба. Го оправдува своето име  и е во права смисла “Dе Luxe“  со своите производи  од козметика од најпознати светски брендови и тоа “Max Faktor“, “Maybelline“, “Revlon“, “Golden Rose“… Покрај овие производи во “Dе Luxe“ може да најдете модни аксесоари како чанти, наочари за сонце, накит од медицински челик и квалитетна бижутерија од  “Helena Dia“. Секој од овие производи си го има најдено своето место и со вкус е наместено во боја и стил во посебни делови во внатрешноста на парфимеријата  “Dе Luxe“. Се разбира за тоа е заслужна и сопственичката која со својот истенчен вкус за бои  е вистински уметник во светот на  професионална шминка, а тука е и тимот вработени кои љубезно ќе ве пречекаат и услужат.Името на Ајтен веднаш го препознаваат биточанки кои сакаат посебно, добро и убаво да бидат нашминкани за некоја свеченa прилика.  Студиото за професионална шминка на Ајтен се наоѓа на спратот од парфимеријата, и е еден вид на уметничко ателје со многу четки, бои и има посебен шарм како и сопственичката. Заради тоа и клиентите кои купуваат или се шминкаат може да добијат совети за да изберат од мноштвото на течни пудери, хајлајтери, сенки, кармини… кои се нудат на пазарот и еден свет значаен  за жените.

-Всушност треба и да се има уметничко во себе за да го истакнеш најубавото на едно лице. Да насликаш убавина на лице и за тоа да добиеш една задоволна жена која со сигурност во себе ќе оди на некоја свеченост. Треба да си уметник во мноштвото на бои и сенки да ги пронајдеш токму прикладните за една личност и секако приликата каде треба да оди, ни кажа  сопственичката која низ разговор ни објасни дека козметиката, шминкањето  се нејзина љубов  и сега  нејзина професија.

Почетоците во светот на козметика и професионална шминка?-Уште многу млада започнав да шминкам приватно. Потоа сметав дека потребна ми е едукација од стручни лица и обуката во Академијата  „Стил“  која траеше  6 месеци како да ми беше едена прекретница во моето видување на шминката. Едукатори ми беа врвни  козметолози, дерматолози, шминкери  од кои научив  многу како за кожата на лицето, типовите на кожа и соодветна нега и користење на правилни препрати при  шминка. Научив дека најважна е подлогата која треба да биде многу добра како подготвка на лицето за понатамошна шминка. Тоа е т.н. “Up“ шминка. Потоа се оди на контурирање на лицето за да се обезбеди една основа за шминка. Но јас и самата откривав за кожата на лицето и тајните на шминкањето низ искуството. Таа едукација ме поттикна да се занимавам со козметика посериозно  отворив мала парфимерија на овој простор заради потребите на професионална шминката. Тоа се случи во 2015 година. Оваа година таа се прошири и сега изгледа вака како што си замислував. Горниот дел од дуќанот  ми е како посебен дел каде во пријатна атмосфера со тивка музика го  користам за услуги на професионалана шминка каде во опуштена атмосфера музика, кафе и разговор моите клиенти уживаат додека се шминкаат. Сигурно е дека ако сме опуштени и смирени, кожата на лицето е поубава и подобра за шминка.

Денес се повеќе се користат услуги на шминкер кога се случуваат  свечени прилики  како свадби, матури…  Кажете ни повеќе за професионална  шминка и кои бренд на шминка користите при шминкањето?-При шминкањето  внимавам на квалитетна козметика и најповеќе ги користам брендовите “Ester Laudee“, “MAK“, “Dermacol“, “Kryolan“ (која се користи за телевизиска и филмска шминка и е преквалитетна). Најпрво низ разговор јас се запознавам со клиентот и  од типот на свеченоста, стилот на облека, боја на облека, коса  и дали е приликата преку ден или навечер, одлучувам каква ќе биде шминката. Секако тука е и карактерот на личноста која сакам да го доловам со шминката за да секој од моите клиенти бидат задовoлни кога ќе си заминат од тука. За пример ќе кажам дека  ако некоја личност сака природен и смирен изглед нема да прилегаат долги, густи, вештачки трепки, бидејќи и за нив е потребна храброст за да бидат привлечни и  вклопени во  целосната шминка. Јас многу внимавам на тоа и сакам моите клиенти задоволни од својот изглед да одат на свеченост, и да се чувствуваат убаво со својата шминка. Само така тие ќе изгледаат самоуверено и убаво.

Професионална  шминка за невести е “in“ скоро секоја млада девојка на овој ден користи услуги на шминкер? Кажи ни како да се успее да се излезе во пресрет на желбите на овие млади кои сакаат да се беспрекорни на тој ден?-Да се изгледа перфектно тој ден е желба на секоја невеста. За нив тој ден е значаен и шминката треба да е убава, нежна и да е трајна преку цел ден. Обично се многу возбудени, но јас обично ги смирувам со тоа што ги охрабрувам дека ќе бидат убави и дека ако се среќни тогаш тоа се гледа на нивното лице и затоа треба да се смирени и задоволни од својот изглед. Често  ја споделувам нивната трема и возбуда како да се пред некој настап, тука се и другите членови од семејство мајка, свекрва, сестра…  кои обично некогаш и се повозбудени од невестата.

Покрај шминката вашите клиенти можат да добијат и совети за тоа каква пудра треба да користат, бидејќи колку и да сме информирани жените тешко коjа се снаоѓа во тој свет на пудери, хајлајтери, бронзери, бои, текстура, разни брендови на пазарот и сл. Кажете повеќе околу тоа?-Козметичката индустрија нуди многу видови и најразлични пудери и во тонови и спрема тип на кожа, како и течна, камена, стик… Потоа тука се хајлатерите, бронзери, сенки за очи… заради тоа како што кажавте жените  често не знаат да се снајдат. Во нашата парфимерија можат да добијат совети  од мене и од вработените. Ние сме им на услуга и добредојдени им се. Често клиентите кои се шминкаат  задоволни од некои производи сакаат да ги нарачаат или купат и тука нашите совети им се добродојдени и при тоа им нудиме производи кои се прикладни за нив.  Со тоа ние сакаме задоволни клиенти кои имаат доверба во нас.

Жанета Ристевска