Press "Enter" to skip to content

Нов салон на Прима 100 % твое во Битола!

Петок, 8.11., Битола му кажа добредојде на најновиот салон за мебел на Прима создаден по концептот 100 % твое со кој може да се пофалат современите европски брендови за мебел. Тоа беше причина да му поставиме неколку прашања на г. Горан Николовски – извршен директор на Прима за Македонија.Новиот Bliss Mall & Retail Park е местото каде што сите заинтересирани клиенти ќе можат да го посетат салонот и да се запознаат со новите дизајни, квалитетниот хрватски мебел, да добијат услуга дизајн на мебел, да ја видат богатата понуда на кујни по мерка, но и да ги искористат сите акции што Прима ги создава само за нив. Тоа е причина да разговараме со извршниот директор на Прима за Македонија за да дознаеме за новитетите и идните планови на хрватскиот гигант кога станува збор за мебелот и стилот.Прима е еден од најголемите хрватски брендови за мебел со раширена продажна мрежа и сопствено производство. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за историјатот на оваа фирма?Горан Николовски, извршен директор на Прима за Македонија

„Прима е фирма којашто постои речиси 30 години. Од семејна компанија, таа во текот на сите овие години се разви во успешен деловен систем кој денес има речиси 70 салони, 6 фабрики и 2500 вработени во земјите од регионот. Таквиот развој од неа направи водечки производител на мебел кој на своите клиенти им гарантира најквалитетен и најсовремен мебел и тоа по најдобра цена“ – истакна г. Горан Николовски, извршен директор на Прима за Македонија.Колку време Прима е присутна на македонскиот пазар?Прима Мебел е дел од македонскиот пазар веќе 15 години, поточно од отворањето на првиот салон за мебел во Скопје. Оттогаш таа континуирано ги следи потребите и животниот стил на Македонците и постојано креира модерен и висококвалитетен мебел за опремување на домот со сопствен дизајн и производство, но и стратешки го развива делувањето на пазарот. Денес Прима има 8 салони за мебел во 5 града во Македонија, трудејќи се овој удобен мебел да им го направи подостапен за жителите во секој дел од земјата. Денес Прима е присутна во Битола, Куманово, Кавадарци и Охрид, за сега да започнеме една сосема нова приказна со најновиот салон во Битола со салонот по новиот концепт 100 % твое.Битола и претходно имаше свој салон, но Прима повторно го одбра овој град за да го направи и новиот концептуален салон. Зошто токму тука?„Точно дека Прима веќе долги години има свој салон во Битола. Но овој пат постоечкиот салон стана outlet, a просторот во новиот мол го искористивме за да го претставиме салонот со концептот 100 % твое. Инаку, Прима отсекогаш во Битола препознавала голем потенцијал затоа што се работи за втор град по големина во Македонија, град кој привлекува голем број луѓе и со тоа претставува одличен пазар. Затоа денес Битола може да се пофали дека го има најсовремениот салон за мебел во земјава. На овој начин, Прима сака да им овозможи на клиентите лесно да создадат 100% сопствен стил со кој ќе можат да го опремат целиот свој дом. Со помош на продажните советници и понудените алатки, клиентите можат да изберат материјали и на тој начин да креираат сопствен ентериер со кој ќе бидат задоволни и горди. Овој салон се простира на површина од 1.300 метри квадратни и се наоѓа на првиот кат во трговскиот центар Блис во Битола“, се зборовите на Николовски. Кои се спецификите на ваквиот нов концепт. Знаеме дека станува збор за најнови европски стандарди, но што е она што го издвојува салонот на Прима во Битола од останатите?Салонот во Битола е уникатен бидејќи располага со Студио за кујни по мерка, каде што може да се испланираат сите детали за нова кујна со стручњак од тоа поле. Овде на лице место може да се истражат посебните карактеристики на новата колекција на кујни по мерка Прима за 2025/2026 година кои се изложени во салонот и да го пронајдете оној кој најмногу одговара на вашиот дом. Исто така може да се видат и изберат голем број различни модели достапни во различни композиции со модерни и практични кујнски елементи. Во ова Студио може да се изберат материјалот и боите на фронтот и корпусот на кујната, како и рачките, стаклото, осветлувањето, висината на плотната… Покрај најдобрата понуда на кујни на пазарот и флексибилните опции за персонализација, тука ја нудиме и услугата за испорака и монтажа.Од нашата прошетка низ салонот забележавме и некои други специјализирани корнери со различни намени. Господине Николовски, можете ли да ни ги претставите и да ни кажете нешто повеќе за нив?  Знаејќи ги потребите на клиентите, Прима во новоотворениот салон има и Студио за вградени ормани, каде со нашите експерти за мебел по мерка може внимателно да се испланира секој вграден орман до последен детаљ. Во иновативниот асортиман на Прима нудиме гардеробери со ротирачки врати, лизгачки врати или walk-in ормани. Можете да избере од широкиот избор на декори, бои и додатоци за организација на ентериерот со цел да се создаде функционален и модерен простор! Освен тоа, салонот има и простор за 3D планирање, кој е замислен како место за соработка при креирањето дом во кој клиентите ќе можат да ги опипаат сите ткаенини, да ги почувствуваат сите текстури, да ги споредуваат боите и да избираат детали. На пример, таму може да се комбинираат елементите на модуларна гарнитура и да се состави индивидуална гарнитура која одговара на желбите и потреби на клиентите и совршено се вклопува во просторот. Доколку некој од клиентите планира реновирање освежување на ентериерот, Прима ќе ги угости во своето студио за внатрешен дизајн. Во удобноста на модерно-дизајнираното студио, со персонализиран и директен пристап, вештите дизајнери за ентериер на Прима ќе можат да им се посветат на клиентите по пат на приватен состанок. Освен тоа, во Прима, секој заинтересиран може да најде и декорации за дом на познатите брендови COCO maison и atmosphere.Тоа се уникатни услуги кои Прима ги нуди во најновиот салон во Битола. Можете ли да споделите со сите заинтересирани клиенти што друго може да се очекува од Прима? „Прима мебел е единствена фирма на пазарот што нуди можност за опремување на сите соби од домот во ист стил, бои и материјали според желбата на клиентите. Но исто така Прима нуди можност за испорака и монтажа како и услуги за внатрешен дизајн, што создава нов изглед и ја заокружува приказната за комплетно опремување на домот. За крај, уште еднаш ќе потенцирам на единствениот дизајн и квалитетно изработениот мебел за секоја просторија од домот, што ја прави Прима лидер во оваа индустрија во целиот регион“ – беа зборовите на извршниот директорот на Прима за Македонија, Николовски.