-Кога веќе еднаш ќе ја вкусите “љубовта“ од нашите слатки задоволства, секогаш ќе бидете гладни за уште, велат од слаткарската работилница “Emily“ од Битола.
Семејниот бизнис на фамилијата Бечваровски предизвикува голема заинтересираност и побарувачка кај битолчани, но имаат и муштерии од регионот.
Како и сите фамилијарни бизниси и тие се одликуваат со љубов кон тоа што го произведуваат, сериозност, достапност и грижа за своите муштерии.

Семејство Бечваровски располага со автентично опремен дуќан во изразито розова боја, која е слатка и асоцира на слатките задоволства кои се подготвуваат тука. И, се разбира со голема љубов и внимание. А се приредуваат уникатни и оригинално декорирани торти, колачи, десерти за секоја прилика…
Поразговаравме со Емили Бечваровски, ќерка по која слаткарската работилница го добила своето име, која ни рече:

-Моето име е специфично, не е мноу често. Mоже да асоцира на “Emily in Paris“, но би сакала биде “Emily во светот на слатките задоволства“, вели низ хумор Емили Бечваровски за да продолжи:
-Слаткарската работилница “Emily“ е отворена на 26 декември 2020 година, што значи веќе 4 години нашата слаткарница со богатиот асортиман со којшто располага, задоволува сечиј вкус и ја исполнува сечија желба, а го разнежнува сечие срце. Нашата работилница со впечатливиот изглед успева да ве привлече на изглед, а сепак најважно од се е тоа што сакаме да ве привлечат нашите слатки задоволства! За изработка и декорацијата е задолжена мојата мајка Ана. Тука ќе ги кажам мојот татко Ѓорѓија и брат Давид. Сите имаат свои задолженија во нашата работилница за да биде се како што треба за нашите верни муштерии и клиенти.

Што нуди слаткарската работилница “Emily“?
-Во нашата слаткарската работилница “Emily“ се изработуваат најразлични слатки задоволства: свадбени и роденденски торти, ролати, посни торти и колачи по повод христијански празници и пост, божикни колачи, чоколадни сладоледи и мафини, еклери, визитарски колачи и што уште не!
Празници се ближат и…
-Посетете не пред и за време на празниците и ќе ја исполниме секоја ваша слатка желба! Се наоѓаме на улица “Баталјон Стив Наумов“ 4/3 наспроти “трите кули“, телефон 071 235 840. За нашиот семеен бизнис има голема заинтересираност и побарувачка кај битолчани, прекрасниот град на конзулите, кои секогаш знаат што е добро и квалитетно.
Жанета Ристевска






